Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лимани во посета на Битола: Преку инвестиции во детската и социјалната заштита придонесуваме за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани

Лимани во посета на Битола: Преку инвестиции во детската и социјалната заштита придонесуваме за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани во рамки на денешната посета на Битола оствари средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, беше на увид на новите простории на детската градинка „Пчеличка“, во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ – Битола и новиот Дневен центар за активно стареење и се сретна со вработените во Центарот за социјални работи, Битола.

На средбата со градоначалникот на Општина Битола се разговараше за реализираните проекти, оние кои се во тек и идни проекти согласно потребите на граѓаните од оваа општина.

Преку адаптација на простор и целосно опремување во рамки на Домот за доенчиња и мали деца во Битола, се обезбедија нови згрижувачки капацитети за деца од предучилишна возраст, објект кој денеска функционира како детска градинка „Пчеличка“ под ЈОУДГ „Мајски Цвет“. 

Капацитетот на новиот простор е за околу 70 деца, а со отворањето на оваа детска градинка, се задоволува дел од потребата од згрижување на дечињата во градинките. Наскоро се очекува отворање на уште една нова детска градинка, со која значително се подобрува состојбата со листата на чекање за упис во детските градинки.

Соговорниците уште еднаш потврдија дека соработката на централната и локалната власт значително придонесува за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и изразија подготвеност за продлабочување на истата.

Министерот Лимани го посети и просторот каде што наскоро ќе започне со работа Дневниот центар за активно стареење, со капацитет на 20 стари лица кои на дневна основа ќе имаат можност да го посетуваат и да бидат вклучени во програмата за активно стареење, под водство на Црвениот Крст- Битола.

При посетата се потврдија заедничките заложби и грижа за нашите повозрасни граѓани и значењето од  отворањето на ваквите центри.

Црвениот Крст - Битола седум години наназад е давател на услугата лична асистенција за општините Битола, Могила и Новаци. Оваа услуга е дел од лепезата услуги кои се реализираат преку трипартитни договори на

Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и провајдерите, а во насока на приближување на социјалните услуги до граѓаните, во нивното место на живеење.

Посетата на Битола беше заокружена со посета на вработените во Центарот за социјална работа -Битола. Непосредните средби и разговори со вработените придонесуваат за подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните, како и  подобрување на условите за работа и вреднување на трудот на социјалните служби. Тоа се заложбите на министерството, со кои се добиваат двојни придобивки - вложување во човечките ресурси кои ги адресираат предизвиците на граѓаните и задоволни граѓани.

Мени за пристапност