Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Велковски на jавна презентација на Предлог-Законот за социјално домување

Заменик министерот Велковски на jавна презентација на Предлог-Законот за социјално домување

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска се обрати на jавната презентација на Предлог-законот за социјално домување, кој претставува значаен чекор кон воспоставување модерен, правичен и транспарентен систем за социјално домување.

Во своето обраќање, Велковски истакна дека законот има за цел да обезбеди фер и достоинствен пристап до домување за најранливите категории на граѓани, како и поддршка за младите и младите семејства. Дополнително, Предлог-законот предвидува јасни механизми за имплементација на мерките на локално ниво, со што се зајакнува улогата на општините во процесот на социјално домување.

Тој нагласи дека преку отворен дијалог и партнерство со сите засегнати страни, Министерството продолжува посветено да работи на креирање законско решение кое е усогласено со европските стандарди и одговара на реалните потреби на граѓаните.

Мени за пристапност