Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Известување до младинските организации, организациите за млади и јавноста

Министерство за социјална политика, демографија и млади Министерство за социјална политика, демографија и млади

Објава на резултати по Јавниот повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2025 година

Министерството за социјална политика, демографија и млади Ве известува дека е завршена постапката за евалуација на пристигнатите пријави по “Јавниот повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации (Бр. 08-5725/3 од 04.08.2025 година)“

Врз основа на спроведената евалуација и донесената Одлука за распределба на средствата наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од областа на младите за 2025 година, утврдена е листата на организации чии проекти се одобрени за финансирање.

Организациите кои се стекнаа со право на користење на финансиски средства (грант) се наведени во табеларниот преглед во прилог на ова објава.

 

Датум

Организација

Вкупни бодови

1

02.09.2025

Здружение на граѓани за унапредување на развојните процеси - Про Локал, Битола

326

2

29.08.2025

Здружение на граѓани Младите Можат

315

3

06.08.2025

Здружение Мултикултура, Тетово

311

4

09.09.2025

Младински совет Прилеп

311

5

02.09.2025

Центар за младински активизам КРИК

309

6

07.08.2025

Институт НВО Пулсот на демократијата  Куманово

307

7

02.09.2025

Прв скопски извиднички одред

301

8

02.09.2025

Институт за добро управување и евроатлантски перспективи - Скопје

301

9

04.09.2025

Здружение на значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес - ЗЕООП

291

Министерството им честита на избраните организации и им посакува успешна реализација на предвидените проектни активности. Воедно, им благодариме на сите останати организации за покажаниот интерес и учеството на Јавниот повик, со што ги охрабруваме да аплицираат на наредниот повик кој ќе го има Министерството во насока на унапредување на Младинската политика во државата. 

Мени за пристапност