Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Доделени сертификати за завршена Академија за развој на капацитети со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер и Британската амбасада

Доделени сертификати за завршена Академија за развој на капацитети со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер и Британската амбасада

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу  денес се обрати на настанот по повод формалното доделување на сертификатите за успешно завршена Академија за развој на капацитети, реализирана со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер и Британската амбасада во Република Северна Македонија.

Во своето обраќање, државниот секретар истакна дека овој настан претставува повеќе од формален чин и е силна потврда дека визијата, посветеноста и вистинските партнерства носат конкретни и одржливи резултати. Тој упати искрена благодарност до Британската амбасада и до Фондацијата за демократија на Вестминстер за нивната стратешка, суштинска и визионерска поддршка на новоформираниот Сектор за млади и Истражувачкиот центар во рамки на Министерството.

Сабриу нагласи дека преку Академијата се зајакнати капацитетите на вработените во Секторот за млади во областа на креирање јавни политики, програми и проекти засновани на реалните потреби на младите. Процесот, како што беше истакнато, бил темелен и се одвивал и на индивидуално и на тимско ниво, со јасна цел – градење институционална сила која знае да слуша, да анализира и да делува во интерес на младите.

„Знаењата и вештините стекнати преку Академијата не се крајна цел, туку алатка за подобри политики, подобри услуги и подобра иднина за младите во нашата земја“, истакна Сабриу.

Во своето излагање, државниот секретар потенцираше дека соработката со Британската амбасада и Фондацијата Вестминстер е заснована на доверба, заеднички вредности и јасна определба за демократски развој и инклузивни младински политики, а Академијата претставува уште една потврда за тоа партнерство.

Обраќајќи им се на младите, државниот секретар ги охрабри да бидат активни, гласни и вклучени во процесите на креирање политики, нагласувајќи дека нивната енергија, креативност и критичка мисла се клучни за општествените промени.

Министерството за социјална политика, демографија и млади, како што беше истакнато, останува посветено на континуирано инвестирање во луѓето, знаењето и партнерствата кои носат реална и долгорочна промена, со цел градење силни институции и подобра иднина за младите.

На крајот, државниот секретар упати честитки до сите учесници и обучувачи за успешно реализираната Академија.

Мени за пристапност