Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Велковски учествуваше на Конференцијата „Родова еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ: Патоказ за Северна Македонија“

Заменик министерот Велковски учествуваше на Конференцијата „Родова еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ: Патоказ за Северна Македонија“

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес учествуваше на Конференцијата „Родова еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ: Патоказ за Северна Македонија“, каде што беше говорник на панел-дискусијата посветена на усогласувањето со ЕУ законодавството за родова еднаквост.

Во своето обраќање, заменик министерот Велковски ја истакна клучната улога на родово одговорните реформи во социјалната политика и посветеноста на Министерството за социјална политика, демографија и млади како централен механизам за промоција на родовата еднаквост.

Владата активно работи на спроведување на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027, како и на интегрирањето на родовата перспектива во сите јавни политики преку родово одговорно буџетирање и засилена координација со институциите на локално и централно ниво.

Со поддршка на Советот на Европа, во тек е подготовка на анализа за усогласување на националното законодавство со ЕУ директивите, што претставува значаен чекор кон понатамошно подобрување на законската рамка во оваа област.

Велковски ги посочи и механизмите за унапредена меѓуресорска координација - работата на Секторот за еднакви можности, Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и меѓуресорската група за родова еднаквост.

Особено внимание беше посветено на тоа како социјалните политики можат поефективно да ги адресираат родово базираните нееднаквости, особено кај ранливите категории граѓани. Истакнати беа активностите за справување со дискриминацијата, зајакнување на системот за заштита од насилство врз жените, поддршката за децата и лицата со попреченост, како и мерките за подобра социјална инклузија на Ромите.

Заменик министерот Велковски нагласи дека институциите продолжуваат со силни и одржливи чекори кон создавање општество на еднакви можности, достапност и правда за сите граѓани.

Мени за пристапност