Информации за претприемачите и микро-претпријатијата
Финансии за микропретпријатијата и социјалните претприемачи обезбедуваат директно селектирани, овластени финансиски посредници од Европскиот инвестициски фонд. На следниов линк се прикажани овластените финансиски посредници низ Европа:
https://www.eif.org/what_we_do/microfinance/easi/easi-signatures.pdf
Во Република Северна Македонија, Шпаркасе Македонија има потпишано договор за финансиска гаранција со Европскиот инвестициски фонд во рамки на програмата ЕаСИ. Со финансиската гаранција во висина од 168.000 евра се обезбедува (презема ризикот за) портфолио од кредити во висина од околу 1,5 мил. евра.
Програмата на Шпаркасе Банка Македонија се вика "Чекор по чекор" и поддржува млади претприемачи кои имаат идеја да создадат сопствен бизнис и имаат потреба од финансиски средства за понатамошен развој. Програмата е наменета за компании кои се регистрирани помалку од 24 месеци, имаат потреба од финансиска и образовна поддршка, се во фаза на започнување или во фаза на развој и вработуваат еден или помалку од 10 вработени. За овие компании, "Чекор по чекор" обезбедува кредити во висина до 25.000 евра.
Шпаркасе Банка Македонија ќе ја спроведува програмата во соработка со Social Impact Lab и Start-up Academy, преку спроведување на осум различни образовни модули.
Техничка помош за финансиските посредници
За финансиските посредници ќе биде достапна техничка помош.
Достапни се три облици на техничка помош:
- Спроведување на оценка на институцијата (assessment) или утврдување на рејтинг на институцијата (rating) од страна на независни специјализирани куќи и подготвување на извештај од спроведената оценка или рангирање. Во согласност со наодите во извештаите се договара и се спроведува обука за вработените и менаџментот на организацијата;
- Учество во работилници и семинари на теми поврзани со микрофинансирање;
- Консултации за провајдерите на микрокредити за Европскиот кодекс на однесување при обезбедување на микрокредити.За користење на техничката помош се објавуваат повици за изразување на интерес на веб страницата https://ec.europa.eu/social/main.jsp?catId=1081.
Опслужувањето на заинтересираните организации е според начелото „прв дојден, прв услужен“.