Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Програма на Унијата Граѓани, еднаквост, права и вредности – ЦЕРВ 2021-2027

Министерство за социјална политика, демографија и млади Министерство за социјална политика, демографија и млади

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕРВ ПРОГРАМАТА

Во програмскиот период 2021–2027 година се спроведува Програмата на Унијата Граѓани, еднаквост, права и вредности (Citizens, Equality, Rights and Values Programme – CERV). Со програмата управува Европската комисија, додека нејзиното оперативно спроведување го вршат Генералниот директорат за правда (DG JUST) и Извршната агенција за образование и култура (EACEA), во соработка со националните контакт-точки.

Програмата ЦЕРВ претставува досега најголема програма на Европската Унија наменета за промовирање и заштита на нејзините основни вредности: демократијата, владеењето на правото, основните права, транспарентноста и доброто управување. Таа има за цел да придонесе кон изградба на подемократска Европа и да ја зголеми свеста кај граѓаните за правата и вредностите утврдени во основните договори на Европската Унија и во Повелбата на ЕУ за основните права, преку обезбедување финансиска поддршка за непрофитниот сектор во промовирањето на овие права и заеднички европски вредности.

Програмата се состои од четири тематски подрачја:

1. Еднаквост, права и родова рамноправност–промовирање на еднаквоста, правата и рамноправноста на половите;
2. Вклучување и учеството на граѓаните–промовирање на заедничката европска историја и активното учество на граѓаните–вклучување на граѓаните во демократскиот и политичкиот живот на Унијата;
3. Тематско подрачје ДАФНЕ–борба против сите облици на насилство, и
4. Вредности на Унијата–промовирање на основните вредности на Унијата (ова тематско подрачје не е отворено за земји кои не се членки на ЕУ).

Програмата ЦЕРВ е отпочната во 2021 година и ќе се спроведува до 2027 година, а вкупниот буџет за наведениот период на времетраење изнесува 1,5 милијарди ЕУР.  

Програмата е отворена за сите институции и тела од јавниот и приватниот сектор, односно за:

    • Министерства и институции;
    • Граѓански организации;
    • Единици на локалната самоуправа;
    • Институти, факултети, училишта, музеи и културни институции;
    • Меѓународни организации;
    • Приватен сектор (само како партнери и само на некои тендери)
    • Физички лица НЕ може да се пријават на оваа Програма. 

Во рамки на програмата ЦЕРВ  се доделуваат следните видови на неповратни средства:

• Неповратни средства за активности (Action Grants)–финансиска поддршка за проекти од сите тематски подрачја, наменета за спроведување активности со ограничено времетраење, во согласност со стратешките цели и приоритети на програмата.
Оперативни неповратни средства (Operating Grants)–финансиска поддршка за покривање на трошоците за редовното и континуирано функционирање на организациите, чие работење е директно поврзано со промоцијата и заштитата на заедничките европски вредности.

 

СТРУКТУРА НА ПРОГРАМАТА

1.    Еднаквост, права и родова рамноправност

Ова тематско подрачје од програмата ги поддржува активностите кои се однесуваат на:

  • Промовирање на еднаквоста и превенција и намалување на нееднаквоста и дискриминацијата врз основа на пол, раса или етничка припадност, верска припадност, попреченост, полова ориентација или возраст;
  • Поддршка, унапредување и имплементација на сеопфатни политики насочени кон промоција на правата на жените, родовата рамноправност, вклучувајќи рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот;
  • Спречување на расизам, ксенофобија и сите облици на нетолеранција;
  • Заштита и унапредување на правата на детето и
  • Заштита и унапредување на правата на лицата со попреченост. 

2.    Вклучување и учеството на граѓаните

Ова тематско подрачје поддржува активности кои опфаќаат:

  • Обележување на клучни моменти во модерната историја на ЕУ; подигнување на свеста на граѓаните на ЕУ за нивната заедничка историја, култура и културно наследство, како и заедничките вредности;
  • Промовирање на учеството на граѓаните и репрезентативните здруженија во демократскиот и граѓанскиот живот на Унијата, и
  • Промовирање на размена меѓу граѓани од различни земји, особено преку збратимување на градови и мрежи на градови, со цел стекнување на практично искуство за богатството и заедничкото наследство на Унијата.

3.   Тематско подрачје Дафне

Ова тематско подрачје опфаќа активности кои се однесуваат на:

  • Превенција и спречување на сите форми на родово базирано насилство против жените и девојчињата и сите форми на семејно насилство на сите нивоа;
  • Спречување на сите облици на насилство над децата, младите или другите загрозени групи, како што се ЛГБТИК лицата и лицата со попреченост;
  • Поддршка и заштита на сите директни и индиректни жртви на облици на насилство на претходно споменатите загрозени групи, како и обезбедување на еднакво ниво на заштита на жртвите на родово базирано насилство, на ниво на Унијата. 

4.    Вредности на Унијата 

Ова тематско подрачје ја промовира заштитата и унапредувањето на правата преку финансиска помош на граѓанските организации кои се активни на локално, регионално, национално и транснационално ниво за промоција и негување на правата, а со тоа и јакнење на заштитата и промоцијата на вредностите на Унијата и почитување на владеење на правото и придонес за градење подемократска унија, демократски дијалог, транспарентност и добро владеење.  Ова тематско подрачје не е отворено за земји, кои не се членки на ЕУ.

 

УЧЕСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРОГРАМАТА ЦЕРВ

Република Северна Македонија, со потпишување на Меѓународната спогодба помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на Северна Македонија во програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности” на Унијата на 24 јуни 2025 година, обезбеди официјално учество во оваа Програма. Можноста за аплицирање во рамки на Програмата важи од 1 јануари 2025 година. Земјата не учествува во тематското подраје Вредности на Унијата.

 

ИНДИКАТИВЕН ПЛАН ЗА 2026 ГОДИНА И РАБОТНА ПРОГРАМА ЗА ПОВИЦИ ВО РАМКИ НА ЦЕРВ ПРОГРАМАТА ЗА 2026-2027 ГОДИНА

Европската Унија објави Индикативен план за повици за 2026 година и Работна програма за Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ (CERV) за периодот 2026–2027 година.

Документите овозможуваат увид во:

  • предвидените датуми за објава на повиците во 2026 година;
  • тематските области и приоритетите за идните повици.

Документите се достапни на официјалната веб-страница на Европската комисија: 

 

ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ

 

ЦЕРВ НАЦИОНАЛНА КОНТАКТ ТОЧКА (НКТ)  (CERV NATIONAL CONTACT POINT (NCP)

Со цел информациите за Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ (ЦЕРВ) навремено и ефикасно да стигнуваат до потенцијалните апликанти и сите релевантни чинители назначен е Секторот за европски програми и фондови во Министерството за социјална политика, демографија и млади како Национална контакт точка

Националната контакт точка ги поддржува заинтересираните лица и организации преку:

    • обезбедување информации за Програмата и јавните повици;
    • индивидуални консултации за подготовка на апликации;
    • помош при толкување и примена на правилата на јавните повици;
    • поврзување со потенцијални партнери од други земји.

Контакт податоци: 

  • Александра Славкоска
    Е-пошта: ASlavkoska@mtsp.gov.mk
    Адреса: Ул. „Даме Груев“ бр. 14, Скопје, Северна Македонија
  • Анкица Ивановски
    Е-пошта: AIvanovska@mtsp.gov.mk
    Адреса: Ул. „Даме Груев“ бр. 14, Скопје, Северна Македонија
  • Оливера Пенева
    Е-пошта: ODimovska@mtsp.gov.mk
    Адреса: Ул. „Даме Груев“ бр. 14, Скопје, Северна Македонија
  • Драгана Јаковлеска Станоевски 
    Е-пошта: dragana.jakovleska@mtsp.gov.mk
    Адреса: Ул. „Даме Груев“ бр. 14, Скопје, Северна Македонија
  • Ивана Антевска Филиповски
    Е-пошта: ivana.antevska@mtsp.gov.mk
    Адреса: Ул. „Даме Груев“ бр. 14, Скопје, Северна Македонија

 

ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОВИЦИ ОД ЦЕРВ ПРОГРАМАТА НА ПОРТАЛОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И ПОВИЦИ (FUNDING AND TENDERS PORTAL)

Европската комисија ги објавува сите актуелни повици за поднесување проектни предлози преку EУ Порталот за финансирање и повици ( EU Funding and Tender Portal) 

 

ФАКТИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЦЕРВ ПРОГРАМАТА ЗА ПЕРИОДОТ 2021-2024:

    • 5.472 организации на граѓанското општество се поддржани од програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ од 2021 година.
    • Во периодот 2021–2024 година биле регистрирани 43 европски граѓански иницијативи, при што проектите финансирани во рамките на програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ имаат опфатено најмалку 60 милиони граѓани.
    • Во периодот 2021–2024 година, најголемиот дел од проектното финансирање (77%) бил насочен кон организациите на граѓанското општество.
    • Во периодот 2021–2024 година, програмата поддржала финансирање на 1.609 проекти.
    • 93% од учесниците го оцениле учеството на настаните во 2024 година како добро или многу добро.

 

РЕЛЕВАНТНИ ДОКУМЕНТИ: 

  1. ANNEX to the COMMISSION DECISION on the approval, signature and provisional application of an international agreement between the European Union, of the one part, and the Republic of North Macedonia, of the other part, on the participation of the Republic of North Macedonia in the Union programme Citizens, Equality, Rights and Values;
  2. Меѓународна спогодба помеѓу Европската Унија од една страна и Република Северна Македонија од друга страна, за учеството на Република Северна Македонија во Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности” на Унијата.

 

Мени за пристапност