Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Велковски: Заедно градиме праведен систем кој ги штити правата на сите граѓани

Заменик министерот Велковски: Заедно градиме праведен систем кој ги штити правата на сите граѓани

По повод Европскиот ден на правдата, Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, се обрати на настанот „Да ја приближиме правдата до граѓаните!“, организиран од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. Настанот се одржа во рамките на заедничките активности на Европската Унија и Советот на Европа: „Кон солиден и поефикасен систем за слободна правна помош (СЛП) во Северна Македонија“ и „Спречување на омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“.

Во своето обраќање, Заменик министерот Велковски ја истакна важноста од обезбедување еднаков, праведен и достапен пристап до правда за секој граѓанин, при што особено внимание е посветено на зајакнување на правата на ранливите категории. Министерството за социјална политика, демографија и млади останува силно посветено на креирање инклузивни политики кои промовираат еднаквост, достоинство и активно учество на сите граѓани.

„Секој граѓанин мора да има лесен и сигурен пристап до правда. Наша обврска е да обезбедиме систем кој навистина ги слуша, поддржува и зајакнува ранливите групи. Праведноста, еднаквоста и достоинството се темели на општество кое напредува“, истакна Велковски, нагласувајќи дека системските промени и партнерството со граѓанскиот сектор се клучни за успешни реформи.

На настанот беа прогласени и добитниците на конкурсот за цртеж и есеј „Да ја приближиме правдата до граѓаните“, на кои им беа врачени признанија за нивниот креативен и општествено значаен придонес.

Министерството продолжува со силна политичка волја и континуирана работа за изградба на поинклузивна, поправедна и подобра држава за сите – држава во која ништо што се однесува на ранливите групи нема да се донесува без нивно активно учество.

Мени за пристапност