Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Зајакнување на институционалните капацитети за родово одговорно буџетирање преку менторска поддршка

Зајакнување на институционалните капацитети за родово одговорно буџетирање преку менторска поддршка

Во текот на месец март 2026 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање при Министерството за социјална политика, демографија и млади беа одржани вкупно 10 менторски сесии за родово одговорно буџетирање, наменети за институциите на централно ниво.

На сесиите учествуваа административни службеници од повеќе институции, меѓу кои: Министерството за транспорт, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата за катастар на недвижности, Државната комисија за спречување на корупцијата, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за европски прашања, Министерството за финансии, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, Министерството за односи меѓу заедниците, Министерството за локална самоуправа, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на РСМ, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи, Комисијата за односи меѓу верските заедници, Министерството за култура и туризам, Министерството за спорт, Центарот за развој на  стручно образование и Министерството за јавна администрација.

Учесниците се дел од процесот на креирање политики и буџети во институциите , вклучувајќи координатори и заменик-координатори за еднакви можности.

Менторските сесии беа насочени кон обезбедување експертска поддршка и стручни консултации за унапредување на примената на алатките за родово одговорно буџетирање, во согласност со Правилникот за формата и содржината на родово одговорната буџетска изјава, како и Упатството за нејзино пополнување.

Сесиите беа спроведени и координирани од Секторот за еднакви можности – Одделението за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање, во соработка со UN Women, со техничка поддршка од Центарот за управување со промени (ЦУП).

Мени за пристапност