Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Успешно реализиран проектот за одмор и рекреација на деца–лето 2026

Успешно реализиран проектот за одмор и рекреација на деца–лето 2026

Успешно е реализиран проектот на Министерството за социјална политика, демографија и млади за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и деца без родители и родителска грижа, за лето 2026 година.

Имајќи ја предвид важноста на проектот во насока на унапредување на социјалната инклузија и обезбедување еднаков пристап до услуги за одмор, рекреација и едукативно-забавни активности, оваа година беше овозможено учество на поголем број деца кои ги исполнуваат условите.

Проектот се реализираше во 7 групи, во периодот од 1 јули до 28 август 2026 година, во Дојран.

Бесплатниот одмор и рекреација опфати седумдневен престој за децата и нивните придружници, односно 6 полни пансиони, со обезбедено ноќевање и три оброци дневно, како и организирани спортски, едукативни и забавни активности.

На децата им беше овозможено да поминат квалитетен и исполнет летен одмор, да се дружат, да стекнуваат нови знаења и вештини и да учествуваат во активности кои придонесуваат за нивниот правилен развој и социјализација.

Овој проект успешно се спроведува од лето 2012 година, обезбедувајќи континуирана поддршка и создавајќи еднакви можности за децата од ранливите категории.

Среќни детски насмевки, нови пријателства и убави спомени-уште една успешно реализирана активност во насока на создавање подобри услови и еднакви можности за секое дете.

Мени за пристапност