Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Велковски-Ле Риголер: Продлабочување на соработката во областа на социјалната политика и младите

Средба Велковски-Ле Риголер: Продлабочување на соработката во областа на социјалната политика и младите

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер.

На средбата беше потврдена определбата за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји, а ги опфаќаат областите под надлежност на министерството и се во  заеднички интерес на двете држави. 

Соговорниците  изразија подготвеност за интензивирање на билатералната соработка и размената на искуства и добри практики.

Во оваа насока, беше разговарано за можностите за обновување на институционалната соработка со надлежните француски институции, вклучително и преку воспоставување формална рамка за соработка и реализација на заеднички проекти.

На средбата беше отворено и прашањето за унапредување на соработката во областа на социјалното осигурување, со цел создавање дополнителни можности за заштита на правата на граѓаните и олеснување на остварувањето на нивните права во двете земји. 
Се разговараше и за размена на искуства во областа на семејното насилство и поддршка на младите.

Министерот Велковски и амбасадорот Ле Риголер се согласија дека постои простор за продлабочување на партнерството преку конкретни иницијативи и проекти, во духот на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Франција и заедничката определба за европска иднина, социјална кохезија и подобар живот за граѓаните.

Мени за пристапност