Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Состанок на министерскиот одбор по повод одржување на Регионална министерска конференција во Скопје

Состанок на министерскиот одбор по повод одржување на Регионална министерска конференција во Скопје

Во пресрет на Регионалната министерска конференција „Водење на промените: Патишта насочени кон луѓето за демографска отпорност“ – организирана од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Северна Македонија и УНФПА, под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски се одржа состанок на министерскиот одбор формиран за оваа цел, во состав на претставници на Влада, министерства, претставници на ООН и УНФПА околу организацијата на конференцијата која ќе се одржи во Скопје на 7 и 8 Мај 2026 година.

Конференцијата ќе ги обедини министрите, други високи владини претставници и меѓународни експерти од повеќе од 30 земји,  со цел да се дискутираат стратегии за справување со длабоките демографски трансформации што го преобликуваат поширокиот регион на Источна Европа и Централна Азија.

Конференцијата претставува клучен форум за креаторите на политики да преминат од демографска загриженост кон демографска отпорност – преку развој на сеопфатни политики засновани на права и докази, кои ги зајакнуваат поединците и ги поддржуваат општествата во овие транзиции. 

Креаторите на политики ќе дискутираат за потребната политичка рамка за градење силни, инклузивни и отпорни општества и економии, кои ќе можат да ги разберат и предвидат промените во населението, да се прилагодат на новите реалности и да го искористат својот најголем ресурс – луѓето.

Мени за пристапност