Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерството и Еразмус+

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу министерството и Еразмус+

Министерот Фатмир Лимани во име на Министерството за социјална политика, демографија и млади, потпиша Меморандум за соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Еразмус+, претставувана од директорката Ана Михајлов.
На потпишувањето на Меморандумот потписничките страни потврдија дека тоа не е само документ туку  заедничка обврска за иднината на младите во Северна Македонија. 
Со овој чекор се  засилува поддршката за:
- Имплементација на Европската младинска картичка, која ќе им обезбеди нови можности, услуги и поволности на нашите млади дома и надвор од државата;
- Поголема мобилност, волонтерство и учество на младите во европските иницијативи;
- Подобрување на пристапот до информации, програми и проекти што им го отвораат патот кон развој, образование и нови искуства и 
- произлегуваат заеднички активности и проекти што директно ги засилуваат младите и нивниот глас во општеството.
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани потенцираше: „Младите се двигатели на промените, нашата најголема сила и иднината на државата. Како институции, наша должност е да создадеме услови во кои секој млад човек ќе може да расте, учи, патува, волонтира и успее. Продолжуваме решително – за младите, за нивната иднина и за посилна држава со европски вредности!“

Мени за пристапност