Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана до медиуми

Министерство за социјална политика, демографија и млади Министерство за социјална политика, демографија и млади

Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), на 7 и 8 мај 2026 година во Скопје, организира Регионална министерска конференција – „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“. Истата е под покровителство на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.
 
Изјави за медиуми пред почетокот на настанот на 7 мај (четврток) во хотел Хилтон (сала Платинум), во 9:30 часот ќе дадат:
 
-Фатмир Лимани - министер за социјална политика, демографија и млади и 
-Пио Смит - помошник генерален секретар и заменик извршен директор (програма) привремен директор, УНФПА.
 
Дводневната регионална конференција официјално ќе ја отвори Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.
 
По официјалното отворање, следуваат воведни обраќања од високи претставници на државава и ООН.
 
Првиот ден (7 мај) ќе се одржат 4 тематски панел дискусии, со учество на министри, заменик-министри и  претставници на меѓународни организации. 
 
Вториот ден (8 мај), конференцијата ќе ја отвори Претседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Африм Гаши.
 
Потоа следуваат 3 тематски панел дискусии, исто така  со учесници на високо ниво. 
 
Повеќе информации за конференцијата на веб страницата: https://eeca.unfpa.org/en/DemRes26/programme

Во прилог Ви ја доставуваме Агендата за Регионалната конференција.

Мени за пристапност