Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана за медиуми

Министерство за социјална политика, демографија и млади Министерство за социјална политика, демографија и млади

Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ Ве покануваат на конференцијата: „Вложување во секое дете–поттикнување на човечкиот капитал, вработување на жените и инклузивен раст“, која ќе се одржи на ден 6 мај, 2026 со почеток во 11:00 часот во хотел Мериот, Скопје.

Воведни обраќања ќе имаат:

  • Г. Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади и
  • Г-ѓа Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија.

На настанот се планирани да бидат презентирани анализи, препораки и реформски опции за унапредување на системот на детска заштита.

Завршно обраќање ќе има:

  • Г. Фатмир Сабриу, државен секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Во прилог повеќе информации и детална агенда.

 

Мени за пристапност