Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба Велковски-Вал: Фокус на унапредување на социјалната заштита и инклузивноста во општеството

Средба Велковски-Вал: Фокус на унапредување на социјалната заштита и инклузивноста во општеството

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.

На средбата беа разгледани можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со посебен акцент на прашања од значење за унапредување на социјалната заштита и инклузивноста во општеството.

Во фокусот на разговорите беа родовата еднаквост, недискриминацијата, унапредувањето на положбата на младите, како и имплементацијата на Стратегијата за вклучување на Ромите во сите општествени сфери.

Посебно внимание беше посветено на заштитата на најранливите категории граѓани и на превенцијата и справувањето со појавите на деца на улица, семејно насилство и фемицид, како и на потребата од координиран институционален пристап за нивно надминување.

На средбата се разговараше и за активното вклучување на младите во креирањето на политиките и носењето на институционалните одлуки. Министерот Велковски нагласи дека создавањето услови младите да бидат активни чинители во општеството е од особено значење за нивната иднина, но и за спречување на негативните демографски трендови и миграцијата на младите.

Двете страни ја потврдија важноста од продолжување и продлабочување на соработката, со цел заедничко придонесување кон градење инклузивно општество, еднакви можности за сите и подобра заштита на граѓаните.

Мени за пристапност