Во пресрет на новата година и празниците, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани ги посети децата кои живеат во Прифатниот центар Визбегово.
Во центарот моментално живеат 70 деца Роми со своите семејства. Од нив 44 се на училишна возраст. Особено радува што сите тие денес се дел од образовниот процес – со обезбедени учебници, униформи, оброк и превоз до училиштата. Тоа не се само бројки, туку конкретна поддршка и порака дека државата стои зад нив.
Заедно со здружението АДРА, на овие дечиња им се доделија пакетчиња направени од децата во странство за децата од Македонија.
„Нашата обврска, особено во овие празнични денови, е да покажеме солидарност, емпатија и грижа за најмладите, без разлика на околностите во кои растат. Ќе продолжиме посветено да работиме за секое дете да има безбедно детство, образование и надеж,“ рече министерот Лимани.