Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Права од детска заштита

Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците во подигање и развој на детето, во зависност од материјалната состојба на домаќинството и се обезбедува на дете до наполнување на 18 години живот, како и на корисници на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјална заштита.

Право на детски додаток се обезбедува на дете државјанин на Република Северна Македонија кое живее во домаќинство со постојано место на живеење во Република Северна Македонија и доколку домаќинството не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува. Право на детски додаток се обезбедува и на дете од домаќинство кое остварило односно користи право на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјалната заштита.

Право на детски додаток може да оствари еден од родителите на детето, старателот или лицето на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа детето му е доверено на чување и воспитание под услови утврдени со овој закон.

Корисникот на правото на детски додаток треба да биде државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во Република Северна Македонија.

Странски државјанин кој има живеалиште и регулиран постојан престој во Република Северна Македонија може да оствари право на детски додаток за дете согласно Законот за заштита на децата и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Македонија.

Детски додаток се остварува во зависност од материјалната состојба на домаќинството и се обезбедува на дете до наполнување на 18 години живот.  Детски додаток следува за децата кои родителот ги издржува и тоа за деца родени во брак или вон брак, посвоени деца, како и за внуци, браќа, сестри и за други деца земени на издржување.

За децата земени на издржување, детски додаток следува и кога тие имаат родители, ако:

  • родителите им се наполно или трајно неспособни за работа; 

  • се на издржување казна затвор и    

  • им е одземено родителското право.

За деца земени на издржување детски додаток следува во случај кога и родителите и децата немаат имот или приходи од кои децата можат да се издржуваат. Детски додаток следува и за дете кое е без родителска грижа, а е сместено во згрижувачко семејство. 

Право на детски додаток има дете во семејство чии вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството е во висина до прагот за пристап на правото на детски додаток.

  • ПРАГОТ ЗА ПРИСТАП ДО ДЕТСКИОТ ДОДАТОК е во зависност од бројот на членови во домаќинството и се пресметува со еквивалентна скала која за еден член на домаќинството е 1 и изнесува 6800 денари, а за останатита членови еквивалентната скала се зголемува за коефициент од 0,5 за вториот член на домаќинството, за коефициент од 0,4 за третиот член на домаќинството,  за коефициент од 0,4 за четвртиот член на домаќинството,  за коефициент од 0,2 за петтиот член на домаќинството, за коефициент од  0,1 за шестиот член на домаќинството, за коефициент од 0,1 за седмиот член на домаќинството, за коефициент од 0,1 за осмиот член на домаќинството, а најмногу до осум членови на домаќинството.

  • ЕКВИВАЛЕНТНАТА СКАЛА се зголемува дополнително за 1,2 за самохран родител. Така на пример, за тричлено домаќинство вкупните просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото  по сите основи на сите членови во домаќинството не смеат да го надминат износот од 12.920 денари, за четиричлено домаќинство 15.640 денари, за  петчлено домаќинство 17.000 денари, за  шестчлено домаќинство 17.680 денари, за седумчлено 18.360 денари, а за осумчлено 19.040,00 денари. Кај    тричлено  домаќинство со еден  самохран родител прагот за пристап изнесува 21.080 денари, кај петочлено домаќинство со еден самохран родител прагот за пристап изнесува 25,160 денари.

При утврдување на висината на прагот за пристап на правото на детски додаток, за член на домаќинство или семејство не се смета лице кое е: 

  • на издржување казна затвор подолго од 30 дена

  • со решение на центарот за социјална работа е сместено  во   установа за вон-семејна социјална заштита, или е сместено во здравствена или друга установа за период додека трае сместувањето и 

  • сторител на семејно насилство.

Кога на домаќинството ќе му престане правото на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјалната заштита, центарот за социјална работа по службена должност преиспитува дали се исполнети условите за продолжување на користење на правото на  детски додаток. Домаќинство во смисла на Законот за заштита на децата е едночлено  домаќинство или заедница на членови на семејството, како и други роднини меѓу кои не постои законска обврска за меѓусебно издржување, кои заеднички живеат, придонесуваат, стопанисуваат и трошат. Семејство во смисла на Законот за заштита на децата  го сочинуваат брачните, односно вонбрачните другари, самохран родител, децата родени во брак, вон брак или посвоени, посиноци, внуци без родители земени на издржување и малолетни браќа и сестри (доколку немаат родители и се без средства за егзистенција), кои сочинуваат заедница на живеење, стопанисување и трошење.

За самохран родител на дете за кое се остварува право на детски додаток и/или право на додаток за образование, во смисла на Законот за заштита на децата, се смета родител на:

  • дете кое го издржува, ако другиот родител е починат; 

  • дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител е во работен однос;

  • дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител не е во работен однос;

  • дете од разведен брак ако  родителот кај кого детето живее не живее во брачна, односно вонбрачна заедница; 

  • дете на кое едниот  родител е непознат и   

  • дете на кое едниот родител се води за исчезнат.

Детски додаток не следува:

  • за дете сместено во установа за социјална заштита или друга установа со решение на центарот за социјална работа и

  • за дете државјанин на Република  Северна Македонија за кое родителот остварил право на детски додаток согласно со прописите на друга држава. 

Правото на детски додаток се остварува во зависност од материјалната состојба на домаќинството.

Право на детски додаток има дете во семејство чии вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството се во висина до прагот за пристап на правото на детски додаток согласно Законот за заштита на децата.За вкупни просечни месечни приходи на сите членови на домаќинството се сметаат:

1.  Доход од работа;       

2. Пензија остварена во Република Северна Македонија;   

3. Доход од самостојна дејност;     

4. Доход од авторски и сродни права;       

5. Доход од продажба на сопствени земјоделски производи;       

6. Доход од права од индустриска сопственост;         

7. Доход од закуп и подзакуп;       

8. Доход од капитал;          

9. Капитални добивки;     

10. Добивки од игри на среќа; 

11. Доход од осигурување; 

12. Друг доход;       

13. Право на социјална сигурност на старите лица;         

14. Паричен надоместок по основ на невработеност;       

15. Воена инвалиднина;       

16. Цивилна инвалиднина;       

17. Законска издршка;        

18. Родителски додаток за детe;     

19. Финансиска поддршка од областа на земјоделството и руралниот развоj;       

20. Траен надоместок;        

21. Надоместок на плата за скратено работно време, и       

22. Додаток за образование на лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа.   

Право на детски додаток не може да се оствари за дете  ако  домаќинството  поседува:              

1.  Друга  семејна куќа или стан во која не живее или не ја користи за живеење;               

2.  Стан или куќа во градба;               

3.  Деловен простор;             

4. Заштеди/штеден влог во вредност над 70.000 денари            

5.  Хартии од вредност и      

6.Градежно земјиште, освен земјиштето на кое се наоѓа објектот каде корисникотживее.

Како приход, при остварување и користење на правото на детски додаток, не се смета:  

1.  Надоместок за помош и нега од друго лице;

2. Надоместок заради попреченост;

3.  Додаток за домување;

4.  Еднократна парична  помош;

5. Паричен надоместок за трошоците за сместено лице и надоместок за згрижување на лице во згрижувачко  семејство;

6.  Еднократна парична помош за новороденче;  

7.  Посебен додаток;

8. Гарантирана минимална помош;

9. Додаток за  образование (за основно и/или средно образование);   

10. Надоместок за попишувач за изршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија на членовите на домаќинството;

11. Паричен надоместок што се исплаќа во рамки на ИПА проект, финансиран од Европска унија и спроведен во Министерството за труд и социјална политика; 

12. Приход по основ на работно ангажирање за општинско корисна работа согласно програма од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување;

13. Надоместок за посета на обука, остварен согласно програми/мерки од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување;

14. Стипендија;

15. Приход по основ на работно ангажирање за извршување на јавни работи, сезонски работи и други повремени работи согласно Законот за работните односи;

16. Донации во согласност со Законот за донации;

17. Надоместок за практична обука на ученици и практична настава на студенти;

18. Надомест за практикантска работа согласно Законот за практиканство;

19. Надоместок за волонтери согласно Законот за волонтерство;

20. Финансиска помош која се користи за лекување во земјата или во странство;

21. Надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија. 

22. Пријавени или остварените нето приходи од доход од продажба на сопствени земјоделски производи на сите членови на домаќинството во висина до 300.000 денари, а над овој износ, во висина од 80% од остварениот доход во последните 12 месеци;    

23. Пријавени или остварените нето приходи од друг доход на сите членови на домаќинството, во висина до 30.000 денари во последните 12 месеци и

24. Законска издршка за дете во висина до 6.000 денари.

При остварување и користење на право на детски додаток за дете од домаќинство кое остварило, односно користи право на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјалната заштита, не се утврдува  материјалната состојба на домаќинството.  ВИСИНАТА НА ДЕТСКИОТ ДОДАТОК зависи од бројот и возраста на децата во семејството, и тоа:

• доколку во семејството има дете на училишна возраст согласно закон, висината на детскиот додаток за едно дете изнесува 1.000 денари месечно, а за две и повеќе деца  во семејството изнесува 1.600 денари месечно за сите деца   

• дококу  во семејството има дете кое не е на училишна возраст согласно закон, висината на  детскиот додаток за едно дете изнесува 1.200 денари месечно, а за две и повеќе деца изнесува 1.900 денари месечно за сите деца   

• доколку во семејството има две и повеќе деца, кои не се сите на училишна возраст, висината на детскиот додаток за сите деца изнесува 1.600 денари месечно.

Висината на детскиот додаток се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година, не се врши  усогласување на висината на детскиот додаток.

ПОСТАПКАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ  НА ПРАВОТО ЗА ДЕТСКИ ДОДАТОК се поведува по поднесено барање на родителот, односно старателот на детето. Подносителот на барањето е одговорен за вистинитоста на податоците  во барањето. Барањето за остварување на правото со потребна документација се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое подносителот на барањето има живеалиште или престојувалиште. Правото за детски додаток се остварува од денот на поднесувањето на барањето. Детскиот додаток се исплатува на мајката доколку се грижи непосредно за детето и детето живее заедно со мајката.

Детскиот додаток се исплатува на таткото доколку мајката е почината, мајката го напуштила детето, мајката е на издржување казна затвор, со правосилна судска пресуда малолетното дете е доверено на чување, воспитување и издржување кај таткото, или со решение на центарот за социјална работа малолетното дете родено во вонбрачна заедница е доверено на понатамошна грижа, чување и воспитување кај таткото, мајката е на континуирано болничко лекување повеќе од три месеци, мајката е со сериозно нарушена здравствена состојба, или на мајката и е одземена деловната способност.

Детскиот додаток се исплатува и на старателот кој се грижи за издржувањето на детето, на лице на кое со решение на надлежен центар за социјална работа му е доверено детето и живее во семејство со него и на згрижувачот за дете сместено во згрижувачко семејство. Корисникот на правото на детски додаток е должен надлежниот центар за социјална работа да го извести за секоја промена на фактите и околностите кои биле основа за признавање на правото најдоцна во рок од 15 дена од денот кога настанале тие промени, во спротивно му престанува правото, како и во случај ако дал невистинити податоци.

Центарот за социјална работа по службена должност повремено, а најмалку еднаш годишно го преиспитува постоењето на фактите и условите за стекнување и користење на правото за заштита на децата и доколку утврди дека истите се променети,  донесува ново решение.

Центарот за социјална работа ја утврдува потребата за остварување и користење на правото на детски додаток врз основа на извршен непосреден увид во домаќинството на подносителот на барањето и корисникот на правото, согласно Законот за социјалната заштита.

По жалба против решението на центарот за социјална работа како првостепен орган решава министерството за труд и социјална политика како второстепен орган.

Барањето за остварување на правото на детски додаток се поднесува на Образец БДД/ГМП „Барање за остварување на право на детски додаток“- ПРИЛОГ бr.1 БДД/ГМП.

Додаток за образование се обезбедува заради покривање на дел од трошоците на домаќинството поврзани со образованието на децата, во зависност од материјалната состојба на домаќинството како и за корисници на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјална заштита.

Право на додаток за образование има домаќинство со дете кое е на редовно школување во основно или средно образование во училишта во Република Северна Македонија верификувани од Министерството за образование и наука  и запишани во Централниот регистар на Република Северна Македонија и во регистарот на Министерството за образование и наука, чии вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството се во висина до прагот за пристап на правото на додаток за образование, кој е поставен на 6800 денари, а кој се зголемува за секој член на домаќинството за коефициент од еквивалентната скала, а најмногу за вкупно осум члена во домаќинството.

  • ПРАГОТ ЗА ПРИСТАП ДО ДОДАТОКОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ е во зависност од бројот на членови во домаќинството и се пресметува со еквивалентна скала која за еден член на домаќинството е 1 и изнесува 6800 денари, а за останатита членови еквивалентната скала се зголемува за коефициент од  0,5 за вториот член на домаќинството, за коефициент од  0,4 за третиот член на домаќинството, за коефициент од 0,4 за четвртиот член на домаќинството, за коефициент од 0,2 за петтиот член на домаќинството, за коефициент од  0,1 за шестиот член на домаќинството, за коефициент од 0,1 за седмиот член на домаќинството, за коефициент од 0,1 за осмиот член на домаќинството, а најмногу до осум членови на домаќинството.
  • ЕКВИВАЛЕНТНАТА СКАЛА се зголемува дополнително за 1,2 за самохран родител. Така на пример, за тричлено домаќинство вкупните просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството не смеат да го надминат износот од 12.920 денари, за четиричлено домаќинство 15.640 денари, за  петчлено домаќинство 17.000 денари, за  шестчлено домаќинство 17.680 денари, за седумчлено 18.360 денари, а за осумчлено 19.040,00 денари.

Кај  тричлено домаќинство со еден самохран родител прагот за пристап изнесува 21.080 денари, кај петочлено домаќинство со еден самохран родител прагот за пристап изнесува 25.160 денари.

При утврдување на висината на прагот за пристап на правото на детски додаток, за член на домаќинство или семејство не се смета лице кое е:

  • на издржување казна затвор подолго од 30 дена,
  • со решение на центарот за социјална работа е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита, или е сместено во здравствена или друга установа за период додека трае сместувањето и
  • сторител на семејно насилство.

Право на додаток за образование има домаќинство со дете кое е на редовно школување во основно или средно образование во училишта во Република Северна Македонија верификувани од Министерството за образование и наука и запишани во Централниот регистар на Република Северна Македонија и регистарот на Министерството за образование и наука, кое остварило право на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјалната заштита. Домаќинство во смисла на Законот за заштита на децата  е едночлено  домаќинство или заедница на членови на семејството,  како и други роднини меѓу кои не постои законска обврска за меѓусебно издржување, кои заеднички живеат, придонесуваат, стопанисуваат и трошат.

За самохран родител на дете за кое се остварува право на детски додаток и/или право на додаток за образование, во смисла на Законот за заштита на децата, се смета родител на:

  • дете кое го издржува, ако другиот родител е починат;
  • дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител е во работен однос;
  • дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител не е во работен однос;
  • дете од разведен брак ако  родителот кај кого детето живее не живее во брачна, односно вонбрачна заедница;
  • дете на кое едниот  родител е непознат иo дете на кое едниот родител се води за исчезнат.

Правото на додаток за образование се остварува во зависнот од материјалната состојба на домаќинството.

Право на додаток за образование има дете во домаќинство чии вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството е во висина до прагот за пристап на правото на додаток за образование согласно Законот за заштита на децата. 

За приходи на вкупниот број на членови на домаќинството се сметаат:

1. Доход од работа;

2. Пензија остварена во Република Северна Македонија;

3. Доход од самостојна дејност;

4. Доход од авторски и сродни права;

5. Доход од продажба на сопствени земјоделски производи;

6. Доход од права од индустриска сопственост;

7. Доход од закуп и подзакуп;

8. Доход од капитал;

9. Капитални добивки;

10. Добивки од игри на среќа;

11. Доход од осигурување;

12. Друг доход;

13. Право на социјална сигурност за старите лица;

14. Паричен надоместок по основ на невработеност;

15. Воена инвалиднина;

16. Цивилна инвалиднина;

17. Законска издршка;

18. Родителски додаток за детe;

19. Финансиска поддршка од областа на земјоделството и руралниот развоj;

20. Траен надоместок;

21. Надоместок на плата за скратено работно време  и

22. Додаток за образование на лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа.

ПРАВО НА ДОДАТОК ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОСТВАРИ ЗА ДЕТЕ АКО ДОМАЌИНСТВОТО ПОСЕДУВА:

  • друга семејна куќа или стан во која не живее или не ја користи за живеење,
  • стан или куќа во градба,
  • деловен простор, 
  • заштеди/штеден влог во вредност над 70.000 денари
  • хартии од вредност и
  • градежно земјиште, освен земјиштето на кое се наоѓа објектот каде корисникот живее.

Како приход при остварување и користење на правото на додаток за образование не се сметаат: гарантирана минимална помош, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, додаток за домување, еднократна парична помош, паричен надоместок за трошоците за сместено лице и надоместок за згрижување на лице во згрижувачко семејство, еднократна парична помош за новороденче, посебен додаток,  детски додаток, законска издршка за дете во висина до 6.000 денари, надоместок за попишувач за изршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија на членовите на домаќинството, паричен надоместок што се исплаќа во рамки на ИПА проект, финансиран од Европска унија и спроведен во Министерството за труд и социјална политика, приход по основ на работно ангажирање за општинско корисна работа согласно програма од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, надоместок за посета на обука, остварен согласно програми/мерки од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, стипендија, приход по основ на работно ангажирање за извршување на јавни работи, сезонски работи и други повремени работи согласно Законот за работните односи, донации во согласност со Законот за донации, надоместок за практична обука на ученици и практична настава на студенти, надомест за практикантска работа согласно Законот за практиканство, надоместок за волонтери согласно Законот за волонтерство, финансиска помош добиена за лекување во земјата или во странство, надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија, пријавени или остварените нето приходи од продажба на сопствени земјоделски производи на сите членови на домаќинството  во висина од 80% од остварениот доход во последните 12 месеци и пријавени или остварени нето приходи од друг доход на сите членови на домаќинството, во висина до 30.000 денари во последните 12 месеци.

Правото на додаток на образование се користи за дете кое присуствува на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани наставни часови и не користело додаток за образование за истата учебна година.

Проверката на исполнетост на условот за исплата на додатокот за образование, се врши за секој од следниве мерни периоди: 

  • прв  мерен период од 1 септември до  31 октомври во тековната календарска година,
  • втор мерен период од 1 ноември  до 31 декември во тековната календарска година,
  • трет мерен период од 20 јануари  до 31 март во наредната календарска година и
  • четврт мерен период од 1 април  до крајот на наставната година. 

ВИСИНАТА НА ДОДАТОКОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ изнесува:

  • 700 денари месечно за ученик во основно образование, односно 8.400 денари изнесува годишниот износ,
  • 1.000 денари месечно за ученик во средно образование, односно 12.000 годишно. 

Висината на додатокот за образование се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната година. Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година, не се врши усогласување на висината на додатокот за образование. 

Исплатата  се врши во четири еднакви износи од по 2.100 денари за ученик во основно образование, односно од по 3.000 денари за ученик во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди. 

Исплатата на додатокот за образование се врши на мајката, за чие дете/деца се исплатува додатокот за образование за тековната наставна година, а доколку на мајката од оправдани причини не може да и се исплати додатокот за образование, исплатата се врши на таткото. Оправдани причини се кога мајката:

  • не е жива,
  • го напуштила детето,
  • е на издржување казна затвор,
  • е на  континуирано болничко лекување повеќе од три месеци,
  • е со сериозно нарушена здравствена состојба и
  • е со одземена деловна способност.

Право на додаток за образование има и старател на дете без родители и без родителска грижа кое не е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита. 

Правото на додаток за образование престанува да се користи кога:

  • детето повеќе не е на средношколска возраст согласно закон,
  • детето го прекинало посетувањето на училиштето, 
  • правото е остварено врз основа на невистинити или нецелосни податоци и
  • корисникот на додатокот за образование поднесе барање за престанок на правото на додаток за образование.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

  • за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, 
  • за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната  календарска година,
  • за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и 
  • за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година. 

ПОСТАПКАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ДОДАТОК ЗА ОБРАЗОВАНИЕ се поведува по поднесено барање на родителот, односно старателот на детето. Поднесувачот на барањето е одговорен за вистинитоста на податовите во барањето. Барањето за остварување на правото со потребна документација се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште. Барањето за остварување на правото за додаток за образование со потребната документација се поднесува до надлежниот центар за социјална работа и тоа од 1 септември  во тековната година заклучно со 31 март во наредната година. За да се оствари правото за додаток за образование за прв мерен период барањето треба да се поднесе најдоцна до 15 октомври во тековната година. Корисникот на правото на додаток за образование е должен надлежниот центар за социјална работа да го извести за секоја промена на фактите и околностите кои биле основа за признавање на правото најдоцна во рок од 15 дена од денот кога настанале тие промени, во спротивно му престанува правото, како и во случај ако дал невистинити податоци.

Центарот за социјална работа по службена должност повремено, а најмалку еднаш годишно го преиспитува постоењето на фактите и условите за стекнување и користење на правото за заштита на децата и доколку утврди дека истите се променети,  донесува ново решение.

Центарот за социјална работа ја утврдува потребата за остварување и користење на правото на додаток за образование врз основа на извршен непосреден увид во домаќинството на подносителот на барањето и корисникот на правото, согласно Законот за социјалната заштита.

По жалба против решението на центарот за социјална работа како првостепен орган решава Министерството за труд и социјална политика како второстепен орган.

Барањето за остварување на правото на додаток за образование се поднесува на Образец БДО „ Барање за остварување на право на додаток за образование“- ПРИЛОГ бр.5 БДО

 

Додаток за образование на лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа

Лице, кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а е редовен ученик во средно училиште има право на додаток за образование.

Состојбата на приходите на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, се утврдува врз основа на вкупните просечни месечни приходи за него и членовите на неговото домаќинство во висина до прагот за пристап на правото на додаток за образование согласно Законот за заштита на децата, остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и тоа:

1. Доход од работа;

2. Пензија остварена во Република Северна Македонија;

3. Доход од самостојна дејност;

4. Доход од авторски и сродни права;

5. Доход од продажба на сопствени земјоделски производи;

6. Доход од права од индустриска сопственост;

7. Доход од закуп и подзакуп;

8. Доход од капитал;

9. Капитални добивки;

10. Добивки од игри на среќа;

11. Доход од осигурување;

12. Друг доход;

13. Право на социјална сигурност за старите лица;

14. Паричен надоместок по основ на невработеност;

15. Воена инвалиднина;

16. Цивилна инвалиднина;

17. Законска издршка;

18. Родителски додаток за детe;

19. Финансиска поддршка од областа на земјоделството и руралниот развоj;

20. Траен надоместок;

21. Надоместок на плата за скратено работно време и

22. Додаток за образование на лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа.

Како имот и имотни права на лицето кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа и членовите на неговото домаќинство од кој може да се издржува, се смета: друга семејна куќа или стан во која не живее или не ја користи за живеење, стан или куќа во градба, деловен простор, заштеди/штеден влог во вредност над 70.000 денари,  хартии од вредност и градежно земјиште, освен земјиштето на кое се наоѓа објектот каде корисникот живее.

Како приход не се сметаат: гарантирана минимална помош, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, додаток за домување, еднократна парична помош, паричен надоместок за трошоците за сместено лице и надоместок за згрижување на лице во згрижувачко семејство, еднократна парична помош за новороденче, посебен додаток, детски додаток, законска издршка за дете во висина до 6.000 денари, надоместок за попишувач за изршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија на членовите на домаќинството, паричен надоместок што се исплаќа во рамки на ИПА проект, финансиран од Европска унија и спроведен во Министерството за труд и социјална политика, приход по основ на работно ангажирање за општинско корисна работа согласно програма од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, надоместок за посета на обука, остварен согласно програми/мерки од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, стипендија, приход по основ на работно ангажирање за извршување на јавни работи, сезонски работи и други повремени работи согласно Законот за работните односи, донации во согласност со Законот за донации, надоместок за практична обука на ученици и практична настава на студенти, надомест за практикантска работа согласно Законот за практиканство, надоместок за волонтери согласно Законот за волонтерство, финансиска помош добиена за лекување во земјата или во странство, надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија, пријавени или остварените нето приходи од продажба на сопствени земјоделски производи на сите членови на домаќинството во висина од 80% од остварениот доход во последните 12 месеци и пријавени или остварени нето приходи од друг доход на сите членови на домаќинството, во висина до 30.000 денари во последните 12 месеци.

ВИСИНАТА НА ПРАВОТО ЗА ДОДАТОК ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЛИЦЕТО КОЕ ДО СВОЈАТА 18 ГОДИШНА ВОЗРАСТ  ИМАЛО СТАТУС НА ДЕТЕ БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА изнесува:

  • 1.600 денари месечно доколку лицето користи гарантирана минимална помош,
  • 5.600 денари месечно доколку лицето не користи гарантирана минимална помош и ако лицето нема приходи и имот од кој може да се издржува.

Висината на додатокот за образование се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

Барањето за остварување на правото на  додаток  за образование се поднесува на Образец БДО/Д18: Барање за остварување на право на додаток за образование, за лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа – ПРИЛОГ бр.5А БДО/Д18.

Право на додаток за образование има и лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, а кое е запишано како редовен студент на некој од јавните високообразовни универзитети во Република Северна Македонија, за секоја редовна студиска година, најдоцна до 26 годишна возраст. Лицето кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, доколку се запише на втор циклус магистерски студии има право на додаток за образование за времетраењето на магистерските студии, но најмногу до три години од денот на запишувањето.

Лицето кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, доколку се запише на трет циклус докторски студии има право на додаток за образование  за времетраењето на докторските студии, но најмногу до шест години од денот на запишувањето. Додатокот за образование на лицето кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа му престанува доколку ја презапише студиската година, односно се запише на иста студиска година на друга јавна високообразовна установа. Ова право може повторно да се оствари со запишување на следната студиска година на ист циклус на студии.

Лицето кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа еднаш годишно до центарот за социјална работа доставува потврда за редовно запишување на студиската година и извршување на обврските од магистерките и докторските студии, согласно статутот на јавната високообразовна установа, а најдоцна еден месец по почетокот на студиската година. 

ВИСИНАТА НА ДОДАТОК ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЛИЦЕТО КОЕ ДО СВОЈАТА 18 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ИМАЛО СТАТУС НА ДЕТЕ БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА ИЗНЕСУВА:

  • 12.000 денари месечно ако лицето користи социјален стан под закуп,
  • 24.000 денари месечно ако лицето не користи социјален стан под закуп.

Висината на додаток за образование се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година. Ова право се остварува и користи независно од материјалната состојба.

Барањето за остварување на правото на додаток  за образование се поднесува на Образец БДО/ДС: Барање за остварување на право на додаток за образование за студент, кој до 18 годишна возраст имал статус на дете без родители и родителака грижа–ПРИЛОГ бр.5Б БДО/ДС 

ПОСТАПКАТА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА  ДОДАТОК ЗА ОБРАЗОВАНИЕ на лице кое до својата 18 годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа се поведува по поднесено барање до центарот надлежен за подрачјето на кое лицето како подносител на барањето има живеалиште или престојувалиште. Подносителот  на барањето е одговорен за вистинитоста на податоците во барањето.

Корисникот на правото на додаток за образование е должен надлежниот центар за социјална работа да го извести за секоја промена на фактите и околностите кои биле основа за признавање на правото најдоцна во рок од 15 дена од денот кога настанале тие промени, во спротивно му престанува правото, како и во случај ако дал невистинити податоци.

Центарот за социјална работа по службена должност повремено, а најмалку еднаш годишно го преиспитува постоењето на фактите и условите за стекнување и користење на правото за заштита на децата и доколку утврди дека истите се променети,  донесува ново решение.

Еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејство за прво и  второ новородено  дете, согласно измените на Законот за заштита на децата објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 104/19 на ден 23.05.2019 година, согласно кој од денот на влегување во сила на овој закон се обезбедува наведеното право. Согласно измените, за прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката, кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш.

 За прво и второ новородено дете ќе се сметаат и посвоените деца, на возраст до една година, доколку мајката нема новородено дете.

Право на еднократна парична помош за новороденче родено на територијата на Република Северна Македонија има еден од родителите, државјанин на Република Северна Македонија, со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето.

Согласно измените на Законот за заштита на децата, влезени во сила од 23 мај 2019 година:

Висината на еднократната парична помош за прво новороденче изнесува 5.000 денари.

Висината на еднократната парична помош за второ новороденче изнесува 20.000 денари.

 Висината на еднократната парична помош се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика во јануари за тековната годинa.

 Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година, не се врши  усогласување на висината на еднократната парична помош.

Барањето за остварување на право за еднократна парична помош за новороденче со потребна документација во прилог се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое мајката има живеалиште или престојувалиште.. 

Барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче со потребната документација се поднесува до надлежниот центар за социјална работа, најдоцна до наполнети три месеци живот на детето, а за посвоено дете најдоцна до три месеци од заведувањето на посвоеното дете во книгата на родените.

Во случај кога мајката не е државјанин на Република Северна Македонија, а склучила брак со државјанин на Република Северна Македонија и има лична карта за странец издадена од Министерство за внатрешни работи, барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче го  поднесува таткото до центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое таткото има постојано место на живеење.

Барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче се поднесува на Образец БЕППН/2 „Барање за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче“ – ПРИЛОГ бр.3 БЕППН/2 .

До денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата „Службен весник на РСМ“ бр. 104/19, објавен на ден 23.05.2019 година, правото на еднократна парична помош за новороденче  се остварува за првородено дете согласно Законот и подзаконските прописи кој се во сила до донесувањето на  наведените измени за правото.

Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца.

Правото на партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца се остварува за дете на кое материјалната состојба на семејството е нарушена  поради  претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго), која партиципација се обезбедува во цената на услугата по дете што ја плаќа родителот, и се обезбедува од Буџетот на Република Северна Македонија. 

Партиципацијата e ослободување на дел од  цената што паѓа на товар на родителот во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на децата во јавните установи за деца. 

1. Правото на партиципација се остварува за дете на кое материјалната состојба на семејството е нарушена  поради  претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго).

Висината на партиципацијата се утврдува за секој случај наведен и не може да  изнесува помалку од 30%  но не повеќе од 100% од цената што паѓа на товар на родителот по дете, за трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на децата во јавните установи за деца. 

Висината на партиципацијата се утврдува  во зависност од настанатата состојба.

Подносителот на барање – родител/старател за остварување на правото на партиципација од точката 1.,  приложува:

  •  
    • лична карта на подносителот на барањето  на увид,
    • препис од извод на матична книга на родени на детето;
    • потврда од Центарот за социјална работа дека настапиле случаите на претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго)  поради кои е нарушена материјалната состојба на семејството .

Правото на партиципација за дете кое е згрижено во јавна установа за деца не може да се остварува подолго од шест месеци.

По престанување на условите, поради кои е остварено правото, од страна на Центарот за социјална работа се известува јавната установа за деца  дека престанале причините за остварување на правото.

Правото на партиципација престанува наредниот месец од месецот во кој престанале причините, а по санирање на последиците од  претрпена природна непогода (поради која е остварено), правото може да престане и пред истекот на утврдениот период.

2.Правото на партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст  се обезбедува  за самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош чии деца се згрижени во јавна установа за деца – детска градинка.

Родителот на детето за кое се остварува правото на партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст  треба да е државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија, до денот на поднесување на барањето.

 Висината на правото на патиципација  во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст  е еднаква на цената на услугата во јавната установа за деца  што ја плаќа родителот.

Партиципацијата во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст  се обезбедува од Буџетот на општината и општината на градот Скопје на чие подрачје е седиштето на установата.

Барањето за остварување на правото на  партиципација во трошоците за згрижување на дете во јавна установа за деца се поднесува  до јавната установа во која детето  престојува, односно во која детето е згрижено (со назнака за Комисија за прием на деца).

Од страна на јавната установа за деца –детската градинка, најдоцна 30 дена од денот на поднесување на барањето со потребната документација, се донесува решение за остварување на  право на  партиципација. 

За дете со попреченост до 26 години живот се обезбедува посебен додаток како паричен надоместок. Наод, оцена и мислење за потребата од остварување на посебен додаток дава стручен орган за оцена на видот и степенот на попреченоста на лицата во менталниот или телесниот развој.

Дете со попреченост во смисла на Законот за заштита на децата е дете со:

  • тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој;
  • умерена, тешка или длабока ментална попреченост,
  • најтешки облици на хронични заболувања;
  • најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот (слепо лице и практично слепо лице;
  • практично глуво и тотално глуво лице;
  • лице со потполно отсуство на говорот,
  • лице со тешко оштетен говор поради детска парализа,
  • лице со аутизам,
  • лице со оштетен или изгубен порано стекнат говор 
  • Даунов синдром и
  • повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот.

Право на посебен додаток има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее во семејството со него, со постојано место на живеење во Република Северна Македонија, ако е детето државјанин на Република Северна Македонија со постојано место на живеење во Република Северна Македонија до навршени 26 години живот, доколку не е сместено во установа за вон-семејна социјална заштита или друга установа со решение на центарот за социјална работа, освен во ученички дом или друга установа доколку детето треба да го продолжи задолжителното образование.

Висината на посебниот додаток за 2022 година изнесува 5.365 денари.

Износот на посебниот додаток се зголемува за 50% и за 2022 година изнесува 8.047 денари за самохран родител кој има дете со попреченост до 26 години живот.Износот на посебниот додаток се зголемува за 25% и за 2022 година изнесува 6.706 денари за материјално необезбедени родители, кои се корисници на гарантирана минимална помош кои имаат дете со попреченост до 26 години живот.

Износите на висините на посебниот додаток утврдени со Законот се усогласуваат со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.

За самохран родител на дете за кое се остварува право на посебен додаток се смета родител на:

  • дете кое го издржува, ако другиот родител е починат,
  • дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител е во работен однос,
  • дете кое по смртта на еден родител остварило право на семејна пензија, а другиот родител не е во работен однос,
  • дете од разведен брак ако родителот кај кого детето живее не живее во брачна, односно вонбрачна заедница,
  • дете на кое едниот родител е непознат и
  • дете на кое едниот родител се води за исчезнат.

Постапката за остварување на правото за посебен додаток се поведува по поднесено барање на родителот, односно старателот на детето. Барањето за остварување на правото со потребна документација се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое подносителот на барањето има живеалиште или престојувалиште. Правото за посебен додаток се остварува од денот на поднесувањето на барањето.

Корисникот на правото на посебен додаток е должен надлежниот центар за социјална работа да го извести за секоја промена на фактите и околностите кои биле основа за признавање на правото најдоцна во рок од 15 дена од денот кога настанале тие промени, во спротивно му престанува правото, како и во случај ако дал невистинити податоци.

Центарот за социјална работа по службена должност повремено, а најмалку еднаш годишно го преиспитува постоењето на фактите и условите за стекнување и користење на правото за заштита на децата и доколку утврди дека истите се променети, донесува ново решение. По жалба против решението на центарот за социјална работа како првостепен орган решава Министерството за труд и социјална политика како второстепен орган.

Барање за остварување на правото на посебен додаток се поднесува на Образец БПД/2 „Барање за остварување на право на посебен додаток“- ПРИЛОГ бр.2 БПД/2.

Родителски додаток за дете остварува мајка за своето трето живородено дете. Правото го остварува мајка која е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето.

Правото на родителски додаток го остварува мајка која непосредно се грижи за детето за кое поднела барање, чии деца од претходниот ред на раѓање не се сместени во установа за социјална заштита, згрижувачко семејство или не се дадени на посвојување и на која не и е одземено родителското право над децата од претходниот ред на раѓање.

Правото не може да се оствари ако мајката за време на бременоста не вршела здравствени прегледи и контроли кај избран лекар-специјалист по гинекологија и акушерство.

Правото не може да се оствари односно ќе го изгуби веќе оствареното право, доколку:  

  • не се вршат задолжителните вакцинации на детето согласно со закон  и 

  • детето не биде запишано и редовно не ја следи наставата во основно училиште согласно со закон.

По исклучок правото на родителски додаток се  остварува и за детето: 

  • кое поради болест или повреда е спречено редовно да ја посетува наставата и заради таквата спреченост вонредно го продолжува образованието согласно со закон и

  • кое поради степенот на попреченоста не може да се образува согласно со закон.

Правото не може да се оствари ако мајката во моментот на поднесувањето на барањето живее и работи во странство. 

Во случај мајката да не е жива, да го напуштила детето, или од оправдани причини да е спречена непосредно да се грижи за детето, правото наместо мајката може да го оствари таткото или старателот доколку ги исполнува погоренаведените  услови.

Оправдани причини се:

  • подолготрејно континуирано болничко лекување на мајката;

  • сериозно нарушена здравствена состојба на мајката;

  • студиски престој, усовршување и специјализација на мајката и

  • одземена деловна способност на мајката.

Родителскиот додаток за трето дете се исплатува месечно, за период од десет години. Висината на правото за  2022 година е во износ од 8.362,00 денари. 

Барање за остварување на право за родителски додаток за дете со потребна документација во прилог се поднесува до центарот за социјална работа, надлежен за подрачјето на кое мајката има постојано место на живеење. 

Барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете со потребната документација се поднесува до надлежниот центар за социјална работа, најдоцна до наполнети три месеци живот на детето и правото на родителски додаток за дете се остварува од денот на раѓањето на детето.

Редоследот на раѓањата на децата кај правото на родителски додаток за дете се утврдува спрема бројот на живи деца на мајката утврдени во однос на денот на поднесување на барањето за остварување на правото на родителски додаток за дете, спрема датата и часот на раѓањата запишани во матичната книга на родените, кој редослед се утврдува на ист начин и во случаите кога мајка ќе роди повеќе деца одеднаш.

Барањето за продолжување на правото на родителски додаток за дете за наредната година се поднесува до 31 март во таа година. Доколку барањето за продолжување на правото на родителски додаток за дете е поднесено после овој рок, барателот ќе се стекне со продолжување, односно користење на правото првиот ден на наредниот месец од месецот во кој е поднесено барањето за продолжување на правото. 

Обрасци на барања за остварување-продолжување на правото на родителски додаток за дете (за трето дете):

Согласно измените на Законот за заштита на децата објавени во Сл. Весник на Република Северна Македонија бр.104/19, правото на родителски додаток за дете (за трето дете)  ќе се остварува доколку вкупниот просечен приход на семејството на мајката по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето за остварување на користење на правото и во текот на користењето на правото е понизок од висината на минималната нето плата утврдена за претходната година, односно во зависност од материјалната состојба, после 10 месеци од влегување во сила на измените, а кој се применува за деца родени од 23 март 2020 година. 

По сите барања за остварување на правото на родителски додаток за дете (за трето дете) во периодот од десет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, поднесени во рок најдоцна до наполнети три месеци живот на детето, може да се оствари правото на родителски додаток за дете (за трето дете) согласно одредбите кои се однесуваат  на правото на родителски додаток за дете од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18 и 198/18),  ако ги  исполнуваат и другите предвидени услови според одредбите на прописите кои важеле пред влегувањето во сила на овој закон.

Висината на правото на родителски додаток за дете по материјална состојба, за  2022 година е во износ од 8.472,00 денари. 

Со денот на  влегувањето во сила на овој закон продолжува да се остварува стекнатото право на родителски додаток за дете (за трето и четврто дете) согласно одредбите на членовите 30-а и 30-б од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ број 98/00, 17/03, 65/04, 113/05, 98/08 и 107/08), одредбите на членовите 98 и 99 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ број 83/09) и прописите кои важеле до денот на влегувањето во сила на  овој закон во висина утврдена со  членот 9 од  Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ број 156/09), како и стекнатото право на родителки додаток за дете (за трето дете), согласно одредбите на членовите 38 и 39, 39-а од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18 и 198/18), како и одредбите од членовите  41, 42, 43, 44, 45, 47, 48,  49, 50 и 52, од  Законот за заштита на децата (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18 и 198/18) кои се однесуваат на правото за родителски додаток за дете во делот на постапката за остварување/продолжување на правата и подзаконските акти.  

Стекнатото право на родителски додаток за дете (за трето и четврто дете) ќе продолжи да се остварува за периодот од десет години, а за четврто дете и кај единствениот родителски додаток до завршување на периодот од 15 години.

Во случај кога порастот на трошоците на живот за претходната година се пониски од последната година на усогласување, или се со негативен предзнак, не се врши усогласување на висината на правото на родителски додаток за дете, односно истото  ќе се обезбедува со последната усогласена година како поповолна за корисникот.

Мени за пристапност