ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТЕРМИНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВИДЕО – КОНФЕРЕНЦИИ
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТЕРМИНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВИДЕО – КОНФЕРЕНЦИИ
Лиценците за стручните работници кои поднесоа барање за обнова на лиценца, заклучно со 19.08.2025 година, се изготвени и може да се подигнат во просториите на ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје.
Лиценците може да се подигнат лично или од друго лице, кое ќе прикаже важечки документ за лична идентификација.
Телефонски броеви за контакт:
Почетната едукација за стекнување со општа лиценца согласно Програма за континуирана професионална едукација за стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги за 2025 година, ќе со одржи во период од 10.09.2025 - 16.09.2025 година.
Почетната едукација за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, согласно Програма за континуирана професионална едукација за стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги за 2025 година, ќе со одржи на 04.09.2025 година.
НАПОМЕНА: Сите пријавени стручни работници за почетна едукација ќе добијат покана за почетна едукација на е-мeил адресите, кои ги доставиле за контакт. Доколку два дена пред почетокот на едукацијата, пријавените стручни работници, немаат добиено покана на доставената е-мeил адреса, да се обратат на службениот меил за лиценцирање: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk
Пријавените стручни работници за стекнување со општа лиценца се поделени во две групи и присуството на сите пет едукации е задолжително, согласно терминот за кој ќе добијат покана. Промена на термините не е можна, бидејќи групите се веќе формирани.
Пријавените стручни работници за стекнување со посебна лиценца за водител на случај задолжително треба да присуствуваат на сите три едукации, согласно добиените покани.
Непочитувањето на наведеното, ќе го оневозможи понатамошниот процес на спроведување на постапката за лиценцирање.
Стручните работници, вработени во установа за социјална заштита или кај друг давател на социјална услуга, кои работат директно на давање на социјалната услуга, треба да поседуваат лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита.
Еден од условите за издавање на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, е стручниот работник да има поминато/завршено почетна едукација спроведена согласно со Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници, во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги. Согласно оваа Програма, ЈУ Завод за социјални дејности спроведува:
Согласно член 238, став 1 од Закон за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23) стручен работник до стекнувањето на лиценца за работа, а најдоцна во рок од 6 месеци од неговото вработување, задолжително треба да ја помине почетната едукација.
Согласно член 238, став 2 од Закон за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23) на стручниот работник кој по истекот на 12 месеци од неговото вработување не обезбеди лиценца за работа, му престанува работниот однос во установата за социјална заштита, освен ако не е спроведена почетна и континуирана едукација за издавање на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита.
Пријавувањето за почетна едукација на стручните работници се врши со пополнување на:
Барањето и сите потребни документи се приложуваат скенирани на меилот на Комисијата за лиценцирање: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk.
Одржувањето на почетната едукација, се врши најмалку два пати годишно, согласно бројот на пријавени стручни работници за присуство на почетна едукација.
Истите добиваат покана со точен распоред на датум и време, материјали за почетна едукација, како и линк за приклучување на почетната едукација, на функционалните е-маил адреси, кои ги доставиле во Пријавата за вклучување во почетна едукација.
Термините за почетна едукација се објавуваат во делот Известување. Доколку не добиете покана за почетна едукација три дена пред почетокот на истата, согласно објавените термини, а за истата сте претходно уредно пријавени, обратете се на следниот меил: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk.
НАПОМЕНА: Почетната едукација се смета за завршена доколку стручните работници присуствуваат на сите 5 предвидени едукации.
Потврдата за завршена почетна едукација, по службена должност се издава и се припојува кон документите во поднесеното барање.
Стручните работници кои целосно ја поминале/завршиле почетната едукација, поднесуваат барање за полагање на испит за стекнување со лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, во сесиите за аплицирање за издавање на лиценца за работа, кои се објавуваат во делот Известување.
Барањето за полагање на испит за стекнување со лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита се поднесува заедно со потребната документација објавена во банерот Комисија за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита/Документација потребна за издавање.
Доставеното барање, заедно со бараната документација, се проверува од советниците во Службата за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој / Оддел за лиценцирање и одобрување на програми за континуирана професионална едукација и се доставува на одлучување на првата наредна седница на Комисијата за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита.
За барањата на кадидатите, кои не ги исполнуваат условите за полагање на испит, согласно член 237 од Закон за социјалната заштита (104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21 294/21, 99/22, 236/22, 65/23, ), Комисијата изготвува мислење, врз основа на кое Заводот за социјални дејности носи решение за одбивање на барањето за полагање на испитот.
За кандидатите со одобрени барања за полагање на стручен испит, се изготвува распоред за полагање на теоретскиот дел од стручниот испит, кој се објавува на веб страната во делот Известување.
Комисијaта за секој вид на испит има база на прашања за теоретскиот дел од испитот, кои се јавно објавени на веб страната во банерот Комисија за лиценцирање за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, најмалку 15 дена пред полагање на испитот, како и содржината на материјалите за подготовка на теоретскиот дел од испитот.
Резултатите од полагањето на теоретскиот дел од стручниот испит се објавуваат на веб страната во делот Известување, во рок од три работни дена од полагањето на теоретскиот дел од стручниот испит.
Доколку кандидатот не го положи теоретскиот дел од испитот не може да пристапи кон полагање на практичниот дел. Стручниот работник кој од било кои причини не го положил/не се појавил на теоретскиот дел од стручниот испит, може да го полага уште еднаш, а за да пристапи кон повторно полагање на теоретскиот дел од стручниот испит, потребно е во сесија за аплицирање за издавање на лиценца за работа да достави:
• ПРИЈАВА за полагање на испит (образец) и
• Потребна документација наведена во пријавата.
За стручните работници, кои го положиле теоретскиот дел од испитот, се објавува распоред за полагање на практичниот дел од испитот, кој се реализира најмалку 5 работни дена по објавување на резултатите од теоретскиот дел на испитот.
Резултатите од полагањето на практичниот дел од стручниот испит, членовите на Комисијата му ги соопштуваат на кадидатот/кандидатката веднаш по завршување на самиот испит.
Комисијата за лиценцирање на седница, носи одлука за стекнување со лиценца, за секој кандидат кој успешно го положил теоретскиот и практичниот дел од стручниот испит, по што се изготвувуаат решенија и се изработуваат лиценци.
Кога решенијата и лиценците ќе бидат комплетирани, кандидатите се известуваат на веб страната за термините во кои можат да си ги подигнат лиценците, во делот Известување.
Доколку кандидатот не го положи практичниот дел од испитот од било кои причини (не го положил успешно/не се појавил), може да го полага уште еднаш, а за да пристапи кон повторно полагање на практичниот дел од стручниот испит, потребно е во сесија за аплицирање за издавање на лиценца за работа да достави:
Комисијата за лиценцирање објавува сесии за аплицирање за издавање на општа лиценца за работа во дејноста социјална заштита и сесии за стекнување со посебна лиценца за водител на случај
Доколку потребната документација се доставува по пошта потребно е на ковертот да се назначи точно за која лиценца се аплицира.
Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име)
НАПОМЕНА: КАНДИДАТИТЕ КОИ ЌЕ АПЛИЦИРААТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЛИЦЕНЦА ЗА РАБОТА БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ Е ТОА ОПШТА ЛИЦЕНЦА ИЛИ ПОСЕБНА ЛИЦЕНЦА ЗА ВОДИТЕЛ НА СЛУЧАЈ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ ДА ГИ ДОСТАВАТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ ЗАВЕРЕНИ НА НОТАР И ДА ГО ПОЧИТУВААТ РОКОТ ЗА ДОСТАВА НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ. БАРАЊАТА КОИ СЕ ПОДНЕСЕНИ ПО ИСТЕКОТ НА ПРЕДВИДЕНИОТ РОК, НЕМА ДА БИДАТ ЗЕМЕНИ ВО ПРЕДВИД.
Издавање на општа лиценца за работа, се врши на стручни работници вработени во дејноста социјална заштита, односно вработени во јавни и приватни установи за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги. На вработените во јавните установи лиценца за работа во дејноста социјална заштита им се издава само доколку се распоредени на работно место даватели на јавни услуги.
Аплицирањето за издавање на лиценца се врши во точно определени сесии за аплицирање кои се објавуваат во делот Известување.
Кандидатите кои аплицираат во сесиите за издавање на лиценца за работа, потребно е да поднесат барањето за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа, заедно со другите потребни документи во рокот кој ќе биде наведен во сесијата и истите треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.
Потребни документи за аплицирање:
Согласно Правилник за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценца за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Сл. весник на РСМ, бр.79/2020) и Програмата за полагање на стручен испит на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.
Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет како копија (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме).
Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој
e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk
Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои аплицираат за лиценца во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.
Посебна лиценца за водител на случај се издава на стручни работници вработени во центар за социјална работа. За посебна лиценца за водител на случај може да аплицираат вработените во центар за социјална работа кои се распоредени на работно место водител на случај.
Аплицирањето за стекнување со посебна лиценца за водител на случај се врши во точно определени сесии кои се објавуваат во делот Известување
Кандидатите кои аплицираат е потребно да поднесат барање за полагање на посебен испит за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, заедно со другите потребни документи во рокот кој ќе биде наведен во сесијата и истите да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје , ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање (за посебна лиценца), по пошта или лично во архива.
Потребни документи за аплицирање:
Согласно Правилникот за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Сл. весник на РСМ, бр.79/2020) и Програмата за полагање на испит на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:
Кандидатите кои ќе аплицираат за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, потребните документи ги приложуваат во оригинал или копии заверени од нотар. Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме).
Kонтакт:
Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој
Телефон:
e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk
Стручните работници кои се стекнале со лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита, потребно е да учествуваат во континуирана професионална едукација, согласно со Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Учеството во континуираната професионална едукација, за секој лиценциран стручен работник е задолжителна, во периодот на важноста на лиценцата (5 години), бидејќи согласно член 241 од Закон за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23), на стручен работник му се обновува лиценца за работа, ако има освоено најмалку 60 бодови, согласно со Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Едукациите се спроведуваат на платформата за е-учење на далечина, на следнатa веб адреса:
https://e-obuki.zsd.gov.mk/login/index.php.
За најавување и користење на платформата за е-учење на далечина, потребно е да се најавите, согласно Упатството.
НАПОМЕНА: Кодот за најава е ISA61. (со точка на крај).
Учесниците за да ја користат платформата за е-учење на далечина, потребно е да бидат најавени на платформата и во периодот кога едукациите се отворени за користење, да ги поминат сите чекори од одбраната едукација, на пример (презентација, прирачник, проверка на знаење, евалуација и задолжително активно да присуствуваат на видео-конференцискиот состанок), за да можат да испечатат потврда за помината/завршена едукација.
Информациите за отворени едукации се објавуваат во делот Известување.
Потврдите можат да се печатат само доколку се поминати сите предвидени чекори од едукацијата, неколку часа по завршување на видео-конференцискиот состанок, а најдоцна 5 дена од одржување на истиот.
Испечатените потврди, стручните работници се должни да ги приложат, при доставување на барање за обновување на лиценца.
НАПОМЕНА: Една иста помината/завршена едукација во рок од пет години, се уважува само еднаш.
Документи: Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници за 2025
Поднесување на барање за обновување на лиценца за работа е одговорност на самиот стручен работник и барањето за обновување на лиценца за работа се поднесува најмалку три месеци пред истекот на важноста на лиценцата. Барањето за обновување на лиценца, заедно со другите потребни документи стручните работници треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.
Потребни документи за обновување на лиценца:
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.
Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет како копија (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме).
Контакт:
Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој
Телефон:
e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk
Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои аплицираат за лиценца во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.
Поднесување на барање за продолжување на лиценца за работа доставува стручниот работник, кој од оправдани причини (болест, породилно отсуство, платено или неплатено отсуство и слично) не ги исполнил условите за обновување на лиценца, односно нема доволен број на бодови, согласно Програмата за континуирана професионална едукација во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Барањето за продолжување на лиценца заедно со другите потребни документи стручниот работник ги доставува на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива, веднаш по враќањето на работа. Комисијата за лиценцирање ја продолжува лиценцата за работа за наредните шест месеци по враќање на работа, во кој период стручниот работник треба да ја заврши задолжителната едукација, односно да ја заврши континуираната едукација.
Потребни документи за продолжување на лиценца:
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР. Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет како копија (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме).
Контакт:
Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој
Телефон:
e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk
База на прашања за општ стручен испит за стручни работници за вршење на стручна работа во центар за социјална работа
База на прашања за посебен испит за лиценца за водител на случај
База на прашања за општ стручен испит за вршење на стручна работа во установа за вон-семејна заштита, кај други даватели на социјални услуги (живеење со поддршка, во домот, во заедницата и советување) во центар за социјални услуги и во центар за поддршка на згрижувачки семејства