Во Република Македонија како мулти етничка држава континуирано се развива почит кон различности (во однос на етничка, културна, религиозна припадност, по однос на пол и можности) и мултикултурализам кај малите деца (0-6 години) и интегрирање на овие аспекти во националниот систем за ран детски развој.
Во таа насока МТСП во соработка со УНИЦЕФ и поддршка на Британската амбасада реализира Проект „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија„.
Преку проектот издаден е е прирачник, материјали и сликовниците за воспитниот кадар во градинките и центрите за ран детски развој за почит кон различностите и мултикултурализмот.
И истите можат да се најдат на:
1. Прирачник МЕЛА (на македонски, албански и турски јазик)
2. Сликовници МЕЛА (на македонски и албански јазик)
3. Работни листи за воспитувачи и работни листи за деца (на македонски, албански и турски јазик)