Државниот секретар на министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу во рамките на неговата официјална посета на Вашингтон, САД оствари средба со амбасадорот Филип Т. Рикер.
На средбата се разговарало за реформите во социјалната политика, со посебен фокус на инклузијата на лицата со попреченост и заштитата на децата.
„Споделуваме исто мислење дека вклучувањето на младите во процесите на одлучување е од витално значење за едно прогресивно општество,“ посочи Сабриу.
Државниот секретар информираше дека на средбата отворено се разговарало и за актуелната политичка ситуација во земјата и неопходноста од забрзување на нејзиниот евроинтегративен процес.
„Поддршката од нашите стратешки партнери останува главниот столб на нашиот пат кон европското семејство,“ порача Сабриу од Вашингтон.