Во рамките на „Министерскиот состанок за млади од Западен Балкан 2026“, кој се одржa во Подгорица, Црна Гора, министерот за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, Ѓоко Велковски, оствари средба со неговиот колега, министерот за социјална грижа, грижа за семејството и демографија на Црна Гора, Дамир Гутиќ.
На средбата беше разговарано за понатамошното унапредување на соработката преку размена на искуства и добри практики во областа на социјалната грижа за најранливите категории како и демографијата, која претставува заеднички предизвик за двете земји.
За време на посетата, министерот Велковски ја посети и Амбасадата на Република Северна Македонија во Подгорица.