Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Лимани со претставници на УНФПА во Северна Македонија

Средба на министерот Лимани со претставници на УНФПА во Северна Македонија

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со преставници на УНФПА во земјава.

 

Дискусијата се фокусираше околу трите клучни точки на соработка: родово базираното насилство, демографијата и младите.

 

Од страна на министерот Лимани беше искажана одлучност за преземање на активности и мерки за подобрување на состојбите во државата, додека пак, од страна на шефицата на канцеларијата на УНФПА во земјава, Афродита Шаља-Плавјанска беше искажана поддршка во однос на справувањето со предизвиците пред кои сме исправени како држава и како општество. 

Мени за пристапност