Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Лимани со нашите претставници на Специјалните Олимписки Зимски Игри – Торино 2025

Средба на министерот Лимани со нашите претставници на Специјалните Олимписки Зимски Игри – Торино 2025

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со претставниците од Република Северна Македонија на Специјалните Олимписки Зимски Игри – Торино 2025!

 

Тој срдечно им честиташе за освоените сребрени медали на Албан Бајрамовски и Фатмире Бајрамоска за трудот, енергијата и посветеноста која ја вложуваат години наназад. Тие се натпреваруваа во категоријата- крос кантри скијање, а се корисници во Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје. 

 

„Горди сме на успехот кој што го постигнавте кој е инспирација за сите нас!  Вашиот успех е и наш успех, затоа што вие сте најдобрите претставници на она кое што ние како институции се залагаме и го работиме,“ порача Министерот Лимани.

 

Ова претставува уште  една потврда за позитивните ефекти од деинституционализацијата и осамостојувањето на корисниците/лицата со попреченост во секојдневното функционирање. Инклузивниот пристап дава резултати. Секој е важен!

Мени за пристапност