Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Лимани со британскиот амбасадор Лосон

Средба на министерот Лимани со британскиот амбасадор Лосон

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон на која што се разговараше за досегашните и тековни активности на министерството, како и за соработката и поддршката од страна на Британската амбасада во нашата држава.

 

Оваа соработка го нагласува силното партнерство помеѓу двете земји и заедничка посветеност за дизајнирање на услуги согласно со потребите на заедницата. 

 

Министерот Лимани го информираше амбасадорот Лосон за визијата, приоритетите и заложбите во областите од надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади, се со цел обезбедување на поквалитетни услуги и подобар стандард за граѓаните.

 

Двајцата соговорници изразија подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателство меѓу двете држави при што фокусот во иднина ќе биде ставен на развој на инклузивни политики за млади и жени.

Мени за пристапност