Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Р Е А К Ц И Ј А

Министерство за социјална политика, демографија и млади Министерство за социјална политика, демографија и млади

Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани - УПОЗ, за наводно вршење на притисок врз вработени во центрите за социјална работа, како и закани дека ќе бидат избркани од работа доколку излезат на протест Ве известуваме дека од страна на Кабинетот на министерот  и министерот Фатмир Лимани лично, такво нешто не се случило, самиот чин е недозволив, и не смее да се  случи.

 

Правото на протест е едно од основните права на човекот и е загарантирано со многу меѓународни документи, како и во националните устави на бројни држави.

 

Во Република Северна Македонија правото на протест е уставно загарантирано право што подразбира дека граѓаните имаат право мирно да се соберат и да организираат протести, митинзи и демонстрации.

 

Министерството веќе излезе со соопштение во кое го осудува немилиот настан во Центарот за социјални работи во Прилеп и истовремено информираше дека постапката за физичко обезбедување на сите центри за социјални работи и јавни установи за социјална заштита е во завршна фаза и наскоро ќе се реализира.

Мени за пристапност