Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Покана за медиуми

Министерство за социјална политика, демографија и млади Министерство за социјална политика, демографија и млади

На 16 јуни 2026 година (вторник) со почеток во 9:30 во хотел Холидеј Ин, Скопје, ќе се потпише Декларација за намери за превенција на насилството кај младите во рамки на Националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од Министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ.

Настанот ќе започне со обраќања на високи претставници, по што ќе следува формалното потпишување на Декларацијата и панел-дискусија на тема: „Превенција на насилството кај младите: институционални и заеднички одговори и улогата на младите“.

Декларацијата утврдува заеднички активности кои опфаќаат безбедни простори и услуги за поддршка, едукација за ненасилна комуникација, превенција во спортот, дигитална безбедност, ментално здравје и психосоцијална поддршка, значајно учество на младите, како и посилна координација и отчетност меѓу институциите.

Изјави за медиуми пред официјалниот почеток на настанот ќе дадат:

  • Фатмир Лимани, Министер за социјална политика, демографија и млади;
  • Килијан Вал, Амбасадор, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

АГЕНДА

Мени за пристапност