По повод 11 Март, денот на депортацијата на македонските Евреи, заменик министерот за социјална политика демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на Комеморативна програма во Советот на општина Штип.
Во рамките на одбележувањето, низ штипските улици, од општина Штип до Споменикот на депортираните Евреи од Штип, се одржа и „Поворка на живите“.
Владина делегација положи свежо цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип.