Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржан третиот состанок на претставниците на Национални координативни тела за имплементација на Истанбулската Конвенција во Малта

Одржан третиот состанок на претставниците на Национални координативни тела за имплементација на Истанбулската Конвенција во Малта

Претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади учествуваа на третиот состанок на претставниците на Национални координативни тела за имплементација на Истанбулската Конвенција во Калкара, Малта.
Целта на состанокот е  претставување на системот за справување со родово базираното насилство врз жените и семејното насилство, предизвиците со кои се соочуваат земјите при имплементација на Конвенцијата и  добрите пракси на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидатки.
Во своето обраќање пред присутните, раководителката на Секторот за еднакви можности Светлана Цветковска, го потенцираше напредокот на нашата држава во спречувањето и борбата против насилство врз жените и семејното насилство и добрите пракси кои што ги имаме спроведено како држава.
На панелот беа истакнати и добрите пракси во реализирањето на обуки за професионалци и тоа: почетни  обука за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство за социјални работници, полициски службеници, здравствени работници, судии и јавни обвинители, обуките на мулти секторските тимови за постапување во случаи на родово базирано насилство. Воедно беа презентирани и  активностите за подигнување на јавната свест за препознавање и пријавување на насилството врз жените и семејното насилство, како и кампањата „Има помош за живот без насилство“.

Приоритет за Владата на Република Северна Македонија и Министерството за социјална политика, демографија и млади  е брза и  ефикасна постапка за заштита на жртвите и обезбедување на  превенција во насока на намалување на насилството. 

Мени за пристапност