Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Оддржана меѓусекторска обука за постапување со деца жртви согласно најдобриот интерес на детето

Оддржана меѓусекторска обука за постапување со деца жртви согласно најдобриот интерес на детето

Министерството за социјална политика, демографија и млади и Заводот за социјални дејности во соработка со Академија за судии и јавни обвинители и Центар за обуки на МВР организираше меѓусекторска обука за стручните лица од центрите за социјална работа, јавни обвинители, судии, и полициски службеници за постапување со деца жртви во рамките на принципот на најдобар интерес на детето.  

 

Успешната заштита на децата од занемарување, злоупотреба и насилство претпочита мулти секторски и мултидисциплинарен пристап и професионалци вклучени во овој процес кои имаат единствено разбирање, знаење, поимање и единствен став во однос на оваа негативна социјална појава.

 

Ваквите знаења и ставови се еден од предусловите за да можат сите вклучени субјекти да градат идентични вештини, што ќе овозможат подобра меѓу секторска соработка и координирано постапување при откривање, третман и заштитата на децата жртви на злоупотреба, занемарување и насилство. Ова би значело дека е потребно сите субјекти, сектори и институции инволвирани во овој  комплексен процес да имаат согласност и заеднички консензус околу дефинициите злоупотреба, занемарување и заштита на деца.  

 

Концептот на најдобар интерес на деца се спомнува во повеќе законските решенија, правилници, упатства за постапување на државни институции, дел е од критериуми во постапувањата на Центрите за социјална работа, и оттука се појавува потребата од дополнителна продлабочена анализа и разбирањето на концептот со цел интересот на деца да биде заштитен во суштинска смисла а проценка да биде спроведена на квалитетно и попрофесионално ниво.

 

Во текот на 2025 година планирани се четири регионални обуки кои ќе се реализираат во простории на апелациони судови за скопско, гостиварско, битолско и штипско подрачје.

Мени за пристапност