Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

На министерот Лимани му беше врачена јубилејна плакета од Црвениот крст

На министерот Лимани му беше врачена јубилејна плакета од Црвениот крст

По повод јубилејот од 80 години од основањето на Црвениот крст од страна на Генералниот секретар на Црвениот крст, г-дин Саит Саити, му беше доделена плакета на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

 

Во своето обраќање пред присутните, изразувајќи чест и задоволство, Лимани истакна дека плакетата е симболичен доказ на заедничката посветеност за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со акцент на ранливите категории.

 

„Ова наше партнерство е од особено значење, бидејќи како носители на социјалната одговорност имаме клучна улога во создавањето на силна заедница.Преку нашата соработка, во континуитет се отсликува посветеноста во исполнувањето на нашите заеднички цели -  обезбедување на  поддршка и помош за лицата на кои им е  потребна, особено оние кои се наоѓаат во социјална и економска нееднаквост, вклучувајќи ги старите лица, децата, жените, лицата со попреченост, бегалците и мигрантите“, рече Лимани.

 

Тој посочи дека, воспоставената силна партнерска врска придонесува за  реализација на проекти кои обезбедуваат пристап до здравствени и социјални услуги, како и поддршка во стекнување на вештини за полесно вработување на ранливите категории, што е клучно за интегрирање на ранливите категории во општеството.

 

„Нека е честит јубилејот од 80 години од основањето на Црвениот крст, посакувам уште многу успешни проекти и соработка. Да продолжиме заедно да креираме посветла иднина за сите наши граѓани. Затоа што секој во општеството е важен!", порача Лимани.

Мени за пристапност