Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лимани од Женева: Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно, да работиме заедно за зајакнување на позицијата на жената во светот

Лимани од Женева: Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно, да работиме заедно за зајакнување на позицијата на жената во светот

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Женева, заради учество на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).


Министерот Лимани во своето обраќање зборуваше за досегашното спроведување на Пекингшката декларација за родова еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен период.

 

Во продолжение обраќањето на министерот Лимани: 

 

Почитувани,  

 

Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи да се залага за зајакнувањето на позицијата на жената, како потребна основа за просперитет и одржливост, затоа што силни жени значат силно општество.  

 

Токму затоа нашите заложби за остварување на Пекиншката декларација за родова еднаквост ќе се стреми кон остварување на следниве конкретни стратешки цели:  

• Ќе продолжи процесот на донесување на нови законски решенија усогласени со ЕУ директивите, стратешки документи, програми и мерки за унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените особено во областите на заштита од дискриминација, насилство врз жените и родово базирано насилство, економското зајакнување и родово одговорното буџетирање, здравствената заштита и пристапот до сексуално и репродуктивно здравје, со посебно внимание кон маргинализираните и ранливи групи жени 

• Ќе се подобри инклузивниот/партиципативен процес во подготовката на политиките, со консултација на целните групи/засегнатите страни (на пример, жени од руралните области, Ромки, жени со попреченост и други маргинализирани групи) 

• Ќе се продолжи со подобрување на производството и дисеминацијата на родовата статистика преку градење на капацитетите на ДЗС и другите актери во статистичкиот систем

• Ќе се направат напори за зголемување на финансиската поддршка и партнерството со граѓанските организации кои работат на родова еднаквост и зајакнување на  жени за да се овозможи спроведување на активности на ниво на локалните заедници

• Ќе продолжи со напорите за намалување на родовиот јаз во економијата и подобрување на положбата на жените на пазарот на трудот.

• Ќе се засилат реформите во образовниот процес за спроведување на родово-сензитивни програми кои работат на искоренување на родовите стереотипи, спречување на насилство и сексуално образование во насока на унапредување на репродуктивното здравје

• Ќе се работи континуирано на едукација и информативни кампањи за подигање на свеста за справување со родовите стереотипи и дискриминаторски практики.

• На крај, демографската динамика во државата и регионот е силно препознаена од Владата и е дел од клучни стратешки документи.

 

Земајќи во предвид дека половина од населението кај нас и во светот се жени, нивното зајакнување и учество во развојот на државата е едно од клучните решенија за градење на демографски отпорно општество.

 

Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно но потребно е да работиме заедно за зајакнување на позицијата на жената насекаде во светот.

 

Жената во центар на нашето внимание за да обезбедиме посветла иднина за идните генерации.

Мени за пристапност