На 18 jуни 2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот во Хотел Холидеј Ин, Скопје ќе се оддржи конференција-„Ран почеток, трајни придобивки–градинка за секое дете“, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ.
Целта на настанот е да се презентираат наодите и препораките од анализата за иновативни модели на финансирање на предучилишното воспитание, како и да се отвори дијалог за мерките за проширување на пристапот преку диверзифицирани механизми за финансирање и испорака на услуги, земајќи ги предвид и најранливите деца.
Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат:
- Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади
- Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија
Завршно обраќање ќе има:
- Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.