Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Фатмир Лимани ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади

Фатмир Лимани ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади

Денеска, г-н Фатмир Лимани ја презеде функцијата министер за социјална политика, демографија и млади, по вчерашниот избор во Собранието на РСМ. 

 

Министерот беше пречекан од државниот секретар, Фљакрон Беџети. 

 

Лимани е дипломиран професор по историја и активно говори албански (мајчин јазик), македонски, англиски и германски јазик. 

 

Toj беше избран за пратеник во Собранието на РСМ на последните избори, а во моментов е актуелен потпретседател на Движењето БЕСА.

 

Во неговата биографија стои дека ја извршувал функцијата заменик генерален директор и член на Управниот одбор на Акцинерското друштво Електрани на Северна Македонија АД "ЕСМ" во периодот од 2011 до 2021 година, а во периодот од 2007 до 2011 година бил член на надзорниот одбор во Акционерското друштво Оператор на елетропреносниот систем на РСМ, АД "МЕПСО".  

Мени за пристапност