Институција која огласува: Министерство за социјална полтика, демографија и млади
Рок на пријавување: 23/01/2026
На 26.11.2025 година Европската Комисија објави повик за доделување грантови (“EU Support to Civil society and media organisations across thematic policy sectors, IPA III Civil Society Facility & Media Programme 2025; and EU Support for Combating Gender-Based and Domestic Violence -IPA III Programme 2022, for the RNM, EuropeAid/18416“) (EuropeAid/18416) организиран во два лота
Лот 1 - Поддршка од ЕУ за организации на граѓанското општество и медиумите во тематски области на политиката, ИПА III Програма за граѓанско општество и медиуми 2025; и
Лот 2 - Поддршка од ЕУ за справување со родово-базирано и семејно насилство, ИПА III Програма 2022.
Лот 2 од повикот се финансира во рамки на ИПА III Акциската програма за 2022 година „ЕУ поддршка за подобро здравство, социјална политика и родова еднаквост“.
Цели на повикот (лот 2)
Поддршка на проекти кои ќе овозможат подобрување на достапноста на специјализирани социјални услуги за лица жртви на родово-базирано и семејно насилство, со што ќе се обезбеди заштита и поддршка за жртвите, особено жените и децата во ранливи ситуации, со цел враќање на нивната безбедност и автономија.
Овој повик претставува значајна можност за проширување на мрежата на лиценцирани услуги согласно со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и Законот за социјална заштита. Оттука, Министерството за социјална политика, демографија и млади ги охрабрува заинтересираните организации да поднесат предлог проекти.
Детали за повикот
Сите информации, критериуми и инструкции за поднесување на предлог-проекти се достапни на EU Funding and Tenders Portal.
Рок за поднесување предлог проекти:
23.01.2026 година, петок, до 16:00 часот (по дата и време во Брисел)
Предлог-проекти (Concept Notes) се поднесуваат преку онлајн платформата PADOR.
Инструкциите за пријавување се наведени во точката 2.2.2 „Каде и како да се поднесат предлог проекти“ од Повикот.