Работната група за секторот „Образование, вработување и социјална политика” (скратено Секторска работна група) го одржа конститутивниот состанок на 4 ноември 2015 година. Според Деловникот за работа, таа има повеќекратен мандат, но во прв ред, претставува меѓуресорски форум за водење на дијалог за политиките за образование, вработување и социјална заштита и за оценка на напредокот во секторот. На пример, групата го следи и оценува напредокот во спроведувањето на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика 2020 (ЕСРП), како и други задачи поврзани со процесот на мониторинг и известување за напредокот во секторот.
Понатаму, секторската работна група е место каде се утврдуваат приоритетите што ќе се финансираат од ЕУ, каде се следи нивната имплементација и се остварува координација на целокупната странска помош. На тој начин, достапните средства од разни извори се насочуваат кон поддршка на националните политики.
Секторската работна група ја координираат Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование и наука и Министерството за економија и труд и во неа членуваат претставници од институциите задолжени за креирање на секторските политики и стратегии, европските интеграции и ИПА. Поконкретно, во оваа работна група се вклучени претставници од различни државни органи и институции чиишто надлежности се поврзани со имплементација на политиките за образование, вработување и социјална заштита.
По потреба, во зависност од приоритетите во стратешките и програмските документи, во работата на групата може да се вклучуваат и други институции со надлежности во образованието, вработувањето и социјалната политика.
Почнувајќи од 2018 година, претставници на граѓанскиот сектор учествуваат во работата на групата. Соработката со граѓанскиот сектор и другите заинтересирани и релевантни организации се остварува и по пат на тематски консултации, информирање и сл.
Конечно, имајќи го предвид фактот дека работната група е одговорна за донаторска координација во секторот, таа во нејзината работа ги интегрира и донаторите (ЕУ, билатералните донатори) и меѓународните организации (пр. МОТ, УНДП, УСАИД, УНИЦЕФ, УН Жени, Светска банка и др.).
Секторската работна група се состанува во пленарен состав најмалку два пати годишно. Почнувајќи од 2018 со пленарните состаноци заседаваат министрите за труд и социјална политика и за образование и наука.
Документи
Деловник за работа на СРГ (македонска верзија)
Деловник за работа на СРГ (англиска верзија)
Пленарни состаноци на Секторската работна група
- 27 ноември 2025
- 30 април 2025
- 21 ноември 2024
- 16 мај 2024
- 14 ноември 2023
- 18 мај 2023
- 23 мај 2022
- 16 март 2022
- 30 јуни 2021
- 25 мај 2021
- 16 ноември 2020
- 18 јуни 2020
- 19 декември 2019
- Записник
- Агенда
- Анекс 3а Презентација за ревидирана ЕСРП 2022
- Анекс 3b Нацрт Ревидирана Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика 2022
- Анекс 3c Нацрт ЕСРП матрица на цели и мерки
- Анекс 3d Нацрт ЕСРП табела на индикатори и целни вредности
- Анекс 4 PAF индикатори за секторот образование, вработување и социјална политика
- 20 септември 2019
- 12 јули 2018
- 11 април 2018
- 1 март 2018
Контакти
Министерство за социјална политика, демографија и млади
Сектор за ЕУ програми и фондови
Адреса: ул. Даме Груев бр.1000 Скопје, Република Северна Македонија
Лица за контакт:
Александра Славкоска, државен советник,
телефон: +389 (2) 3106 583,
е-маил: Aleksandra.Slavkoska@mtsp.gov.mk
Анкица Ивановски, раководител на сектор,
телефон: +389 (2) 3106 358,
е-маил: Ankica.Ivanovska@mtsp.gov.mk
Гордана Тренкоска, помошник раководител на сектор,
телефон: +389 (2) 3106 253,
е-маил: Gordana.Trenkoska@mtsp.gov.mk
Ане Накова Петрушевска, советник,
телефон: +389 (2) 3106 469,
е-маил: Ane.Petrushevska@mtsp.gov.mk