Финансиската спогодба за Годишната акциска програма 2024 година беше потпишана од страна на Владата на Република Северна Македонија и Европската Kомисија на 2 октомври 2024 година.
Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2024 година се состои од четири акции.
Акцијата 1 „ЕУ за права и безбедност“ предвидува поддршка за политиките на земјата во областа на фундаменталните права.
„ЕУ ЗА ПРАВА И БЕЗБЕДНОСТ”
Акцијата „ЕУ за права и безбедност” ќе придонесе за подобрување на почитувањето на човековите права и зајакнување на безбедноста.
Една од специфичните цели на оваа акциска програма е зајакнат одговор на националниот систем за справување со родово-базираното и семејно насилство и унапредување на состојбата со домувањето на Ромите.
Очекувани резултати
Со реализација на проектите во рамки на оваа програма се очекува да се постигнат:
- подобрени услуги за заштита на жртвите на родово-базирано и семејно насилство, преку поддршка за нивно воспоставување и развој;
- зајакната меѓуинституционална соработка на национално и локално ниво за родово-базирано и семејно насилство, преку воспоставување на интегриран систем за прибирање податоци, следење и известување од страна на релевантните институции;
- поддржано детално урбанистичко планирање и подготовка на проектна документација за идни инвестиции во социјално домување во дел од ромските населби.
Финансирање и начин на имплементација
Вкупниот буџет на Акцијата „ЕУ за права и безбедност” изнесува 6.8 мил. евра, од кои ЕУ (ИПА) учествува со 6.5 мил. евра, а 0.3 мил. евра се учество на корисниците.
Спроведувањето на проектите ќе се одвива според правилата за јавна набавка на ЕУ, а Делегацијата на Европската Унија (ДЕУ) ќе биде договорен орган.
Планирано е да се доделат договори за грантови и договори за услуги.
Документи