Владата на Република Северна Македонија и Европската Комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2022 година на 21 декември 2023.
Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2022 година се состои од пет акции. Акцијата 5 „ЕУ за подобрено здравје, родова рамноправност и социјална политика“ предвидуваат поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“.
ЕУ ЗА ПОДОБРЕНО ЗДРАВЈЕ, РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
Акцијата „ЕУ за подобрено здравје, родова рамноправност и социјална политика“ ќе придонесе за подобрување на здравјето и благосостојбата на населението во Северна Македонија и поддршка на промоцијата на еднаквите можности и пристапот до квалитетни работни места и социјална заштита за сите.
Очекувани резултати
- Подобрен систем и практики за безбедност и здравје при работа (БЗР) преку зајакнување на капацитетите на релевантните чинители за справување со политиките и практиките за БЗР и обезбедување подобрена законска усогласеност со барањата за БЗР. Посебен фокус ќе се даде на унапредувањето на административните капацитети на Државниот инспекторат за труд и на системот за известување;
- Поголема ефикасност на системот за спречување и заштита од родово-базирано и семејно насилство преку поддршка и развој на услугите за жртвите на родово-базирано и домашно насилство;
- Подобрен систем за обезбедување квалитет на социјалните услуги преку унапредување на системот за мониторинг и евалуација.
Финансирање и начин на имплементација
Вкупниот буџет на Акцијата „ЕУ за подобрено здравје, родова рамноправност и социјална политика“ е 5,12 милиони €, во кои ЕУ (ИПА) учествува со 5 милиони €.
Спроведувањето на проектите ќе се одвива според правилата за јавна набавка на ЕУ, а Делегацијата на Европската Унија (ДЕУ) ќе биде договорен орган.
Планирано е да се доделат договори за грантови и договор за услуги.
Документи
- Одлука на Европската Комисија [C(2022) 9166 од 5.12.2022] за финансирање на Годишниот акционен план за поддршка на Република Северна Македонија за 2022 година
- Финансиска спогодба - Посебни услови
- ИПА 2022 Годишна акциска програма „ЕУ за подобрено здравје, родова рамноправност и социјална политика“
- Општи услови