Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Национално координативно тело

Министерство за социјална политика, демографија и млади Министерство за социјална политика, демографија и млади

Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство


Согласно член 15 од Законот за  спречување и заштита од насилство врз жени  и семејно насилство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.24/21 и 39/25),  формирано е Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, со мандат од пет години.

Со Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство претседава министерот за социјална политика, демографија и млади.

Националното координативно тело е составено од: еден претставник од Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, три раководни службеници од Министерството за  социјална политика, демографија и млади, член и заменик член од Министерството за здравство, член и заменик член од Министерството за правда, член и заменик член од Министерството за образование и наука, член и заменик член од Министерството за внатрешни работи, судии и јавни обвинители, претставник на единиците на локалната самоуправа и три члена  на здруженија, по еден член од  синдикати и здруженија на работодавачи,  еден член  од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и од Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија.

Националното координативно тело ги врши следниве работи:
- ја подготвува и следи реализацијата на Стратегијата;
-  ги подготвува и следи Националните акциски планови;
- го координира работењето на институциите во делот на превенцијата и заштита од родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство;
- го следи спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство и националните политики од областа на родово-базирано насилството врз жените и семејното насилство;
- ја следи и анализира состојбата со родово-базирано насилството врз жените и семејното насилство;
- ги следи планираните и потрошените финансиски средства доделени на органите од членовите 11 и 24 од Законот за  спречување и заштита од насилство врз жени  и семејно насилство;
- дава мислење и препораки за подобрување на политики и усвојување на мерки и активности од областа на родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство;
- го следи спроведувањето на препораките на меѓународните и регионалните тела за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство и предлага активности и мерки за нивно спроведување;
- го промовира принципот на еднаквост и елиминирање на стереотипите за родовите улоги;
- дава мислење за методологогијата за интегрирано прибирање на податоци за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство од сите релевантни институции и организации, надлежни да го спроведуваат Законот за  спречување и заштита од насилство врз жени  и семејно насилство;
- дава мислење за програмите за почетна и континуирана едукација на стручните лица што обезбедуваат специјализирани услуги на жени жртви на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство по барање на Министерството за социјална политика, демографија и млади;
- го координира и следи собирањето на податоци за родово-базирано насилството врз жените и семејното насилство според однапред утврдени индикатори; и
- доставува годишен извештај за преземените активности и постигнатиот напредок за состојбата со родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство согласно со Стратегијата до Собранието на Република Северна Македонија за разгледување, најдоцна до крајот на јуни за претходната година. 

Документи

Мени за пристапност