Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кампања „Со тебе сме–Заедно против насилството врз жените и девојчињата“

Со цел промоција на Законот за спречување од насилство врз жените и семејно насилство во тек е кампањата „Со тебе сме – Заедно против насилството врз жените и девојчињата“.

Законот е донесен во 2021 година со што се регулира должното внимание на институциите за одговор на родово базирано насилство и спроведување на ефективна заштита на жртвите на родово базирано насилство и семејното насилство во согласност со законската регулатива и меѓународните стандарди.

so_tebe_basic

Од особена важност е подигањето на јавната свест за тоа дека семејното насилство не е приватна работа, туку е нешто за кое што треба да се зборува гласно.

Преку оваа кампања го прошируваме гласот до жртвите дека институциите се тука за нив.  

Како институции заедно настапуваме во борбата против насилството врз жените и семејното насилство.



 
 
 
 
 
poddrska_so_tebe  
 
 
 

Преку кампањата „Со тебе сме – Заедно против насилството врз жените и девојчињата“ одиме чекор понапред кон подигање на свеста за превенција на насилството врз жените и семејното насилство. Владата и Министерството за труд и социјална политика преку сеопфатни и интегрирани политики одлучно се посветува на превенцијата и заштитата на жртвите на родово базирано насилство врз жените и на семејно насилство. 

 

 zadolzitelen_odgovor

Во Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство преку одредбата со која се регулира должното внимание на институциите, укажува дека превенцијата и заштитата од родово базирано насилство врз жените и семејното насилство е обврска на државата преку сите надлежни институции да постапува одговорно, соодветно, навремено и ефикасно.

 

zastita_internet

 
 
 

Напредокот на технологијата придонесе кон нови предизвици, еден од нив е и вознемирувањето преку интернет. Со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се регулира и заштитата од вознемирувањето преку интернет. Вклучено е секое вербално, невербално или друго постапување од сексуална природа преку електронските средства за комуникација кое што има за цел или како последица, повреда на достоинството.

 

obvrska_prijavi

Со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се налага секое физичко лице кое што има сознание за постоење за родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство е должен да пријави до:

-Полициска станица

-Центар за социјална работа

-Јавно Обвинителство

-Здружение

-С.О.С. линија

Граѓаните имаат право и на анонимна пријава.

 

Мени за пристапност