Локален младински совет претставува тело на локалната самоуправа кое го сочинуваат млади претставници на различните форми на организирање во Општината, кое има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински интерес во локалната самоуправа.
Локалниот младински совет има свој/а претседател/ка и заменик-претседател/ка, кои го претставуваат Советот во Општината и се задолжени за одржување на комуникацијата со службеникот/чката за млади на локалната самоуправа.
Секоја општина е обврзана да формира Локален младински совет кој ќе работи на подобрување на животот и положбата на младите.
За повеќе информации во врска со локалните младински совети може да видите на линкот.