(30.3.2020) Соопштение за одложување на постапката за избор и доделување на Наградата за компанија со најдобра пракса за БЗР за 2019 година

 

Почитувани, имајќи ја во предвид ситуацијата во однос на пандемијата и опасностите од ширење на заразата со COVID-19 вирусот, како и прогласената вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека се одложува и постапката за избор и доделување на Наградата за компанија со најдобра пракса за БЗР за минатата, 2019 година. 

 Ќe Ве известиме дополнително за понатамошните чекори и активности во овој дел, кога ќе се создадат услови за тоа.

Во оваа прилика уште еднаш Ви се заблагодаруваме на сите компании кои учествуваа и доставија апликација, како и за Вашите заложби за заштита на здравјето и безбедноста на вработените.  

 
Останете безбедни и со добро здравје!

Срдечен поздрав,МТСП

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.