28.01.2022

Тренчевска: Социјалниот дијалог е клучен во креирањето на најодржливите законски решенија, соработката со ССК продолжува

Министерката за труд и социјлна политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со потпретседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Габриела Кулебанова.

На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на стопански комори на Македонија, моменталните предизвици со кои се соочува стопанството во време на пандемија која освен здравствени, донесе и економски последици и влијанието на економско- енергетската светска криза врз одржливоста на бизнис секторот, но и на работникот.

Министерката Тренчевска посочи дека Владата на Северна Македонија од почетокот на пандемијата креираше шест пакети економска помош и поддршка за компаниите и граѓаните со цел полесно пребродување на кризниот период. Тоа директно придонесе за  задржување на ликвидноста на компаниите и работните места.

„Само задоволен работник е продуктивен работник и како таков тој директно ќе придонесе и за продуктивноста на компанијата за која работи. Затоа, сите политики и законски решенија ги правиме низ транспарентен процес со вклученост на сите засегнати страни во општеството. И како Влада и како ресорно министерство кое работи во областа на трудот, остануваме отворени за сугестии, забелешки и коментари во креирањето на законите кои ќе понудат најодржливи решенија за сите страни,“ рече Тренчевска.

На средбата се разговараше и за новото законско решение недела- ден на неделен одмор кое доби поддршка и од Сојузот на стопански комори, неговата имплементација и соработката со Државниот инспекторат за труд, како орган кој го врши надзорот на неговото почитување, како и за новиот Закон за работни односи, кој е во работна верзија. 

„За новиот Закон за работни односи предвиденo е отворање на широка јавна расправа со цел да се слушнат сите засегнати страни во општеството, а во насока на изнаоѓање на најдоброто решение кое ќе одговори на потребите на сите чинители, и на работниците и на работодавачите. Како Влада силно го подржуваме социјалниот дијалог, затоа што само заеднички можеме да дојдеме до најсоодветното решение. Министерството е отворено за соработка и за реализација на проекти и активности кои се дел од целите од  Програмата за работа на Владата на РСМ, 2022-2024“, рече Тренчевска.

Двете соговорнички изразија подготвеност за продолжување на досегашната институционална соработка на прашањата во областа на трудот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }