30.07.2022

Тренчевска: Со потпишувањето на Меморандум за соработка со Министерството за семејство и социјална политика на Република Полска и размена на искуства, ги зајакнуваме нашите пријателски односи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за време на престојот во Република Полска, оствари билатерална средба со министерката за семејство и социјална политика на Република Полска, Марлена Малаг.

На официјалната посета на македонската делегација предводена од министерката Тренчевска беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Министерството за семејство и социјална политика, од страна на двете министерки.

Покрај нашата делегација, на официјалната средба присуствуваше и Амбасадорот на Република Северна Македонија во Репуплика Полска, Васил Пановски и второт Секретар на Амбасадата.

На билатералната средба се разговараше на повеќе теми, од кои фокусот беше ставен на социјалната економија, каде министерката Малаг изјави дека во нивната земја има традиција на солидарност, а со влезот во ЕУ и носењето на законската регулатива постигнат е исклучителен напредок. Новиот закон на кој работи полското Министерство ги вклучува темите на социјална интеграција, создавање на нови работни места и социјални услуги.

Министерката Тренчевска  зборуваше за подготовките низ кои поминуваме во процесот на изработка на Законот за социјално претприемништво. Всушност и социјалните услуги на кои интензивно се работи, со цел нивен успешен развој.

„Во Република Северна Македонија социјалните услуги се потенцијал за развој на социјалното претприемништво и создавање работни места на најранливите категории на граѓани,“ рече Тренчевска.

На средбата се разговараше и за поддршката на лицата со попреченост при што  двете страни ги потенцираа силните напори за деинституционализација, креирање социјални услуги и поддршка на овие лица. Претставниците на македонската делегација информираа околу изработката на повеќегодишна Национална стратегија за лица со попреченост која треба да се донесе во блиска иднина и процесот на деинституционализација на лицата со попреченост, процес кој е во тек, со започнатите реформи во социјалната заштита од 2019 година.

На средбата исто така се дискутираше на темите за заштита на децата, згрижувачките семејства и елиминирање на семејно насилство и насилство врз жените.

Средбата беше заокружена со договор за понатамошна соработка, особено на полето на социјалното претприемништво и реализирање на Меморандумот за соработка.

Министерката Тренчевска изрази задоволство од пријателските односи кои ги имаат двете држави, како и поддршката на Република Полска на Република Северна Македонија во процесот на европската интеграција, поддршка за која и двете страни изразија уверување дека ќе продолжи и во процесот на преговори на Република Северна Македонија со Европската Комисија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }