20.09.2023

Тренчевска: Преку системски решенија, овозможуваме достоинствен живот за пензионерите - антикризните мерки и повисоката минимална пензија го штитат животниот стандард на пензионерите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Владата на Република Северна Македонија се сретна со претставниците на координативното тело за протести на пензионерите.

Од страна на Министерката беше  посочено дека Владата има слух за сите граѓани во државата, а одржувањето на денешната средба, како и претходната во Министерството за труд и социјална политика се потврда за тоа.

Министерката Тренчевска истакна дека веднаш по одржаната средба во Министерството за труд и социјална политика, беше формирана и работна група, со номинирани членови на сите засегнати страни, како и дека таа работна група редовно одржува состаноци на кои се разгледуваат сите пристигнати барања и предлози од здруженијата на пензионери, Партијата на пензионери и Сојузот на пензионери на Македонија.

„Работната група работи на креирање на краткорочни и на долгорочни мерки за пензионерите. Повторно како и претходната година ќе бидат креирани антикризни - социјални мерки како краткорочно решение и се работи на измени на законот за пензиско осигурување со кое ќе се обезбеди повисока минимална пензија. Тоа е системско решение како и претходното со усвојување на новата методологијата за усогласување на пензиите, со која се обезбедува постојан раст на пензиите,“ истакна Тренчевска.

Преку методологијата пензиите за нецели две години пораснаа за околу 24 отсто. Притоа се обезбедува и стабилност на пензискиот систем и редовна исплата на пензиите. Работната група кога ќе ги финализира предлозите ќе ги достави до Владата на усвојување и  за тоа ќе биде известена јавноста.

Оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика изминатиот период покажаа вистинска грижа за пензионерите. За тоа потврдува постојаниот раст на пензиите, антикризните мерки во кои беа вклучени пензионерите, воспоставувањето на социјални услуги низ целата држава, како помош и нега во домот на стари лица, како и инвестиции во изградба на домови за стари лица во Берово, Пробиштип, Кавадарци и Крива Паланка.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }