22.09.2022

Тренчевска од Истанбул: Преку зајакнување на родово-одговорните политики можеме да постигнеме поголема родова еднаквост во општеството

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на Регионална конференција на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за родово одговорни политики во Истанбул, Република Турција.

Министерката Тренчевска зборуваше за постигнатиот напредок во однос на родово одговорните демографски политики во нашата држава и идните чекори кои ќе бидат во согласност со менувањето на семејните формации и структури и еволуцијата на демографските трендови.

“Родовата еднаквост е еден од клучните принципи на Владата на Северна Македонија. Креирањето на родово одговорни политики и буџети, како и политики за усогласување на семејните и професионалните обврски се наш приоритет,“истакна  Тренчевска.

Министерката посочи дека, креирањето и имплементацијата на родово одговорни семејни политики во Република Северна Македонија има значителен напредок, во последните неколку години.

„Министерството за труд и социјална политика превзеде цврсти чекори во поддршката на компаниите да воведат политики за унапредување на рамнотежета меѓу семејниот и професионалниот живот на своите вработени. Една од нив е поддршката на компаниите да понудат згрижување на деца за вработените во нивните организации. Овозможување на флексибилно работно време и работа на далечина, како и други бенефиции за вработените, се политики кои заедно ги креираме со социјалните партнери,“ информираше Тренчевска.

Таа се осврна на воспоставувањето на Ресурсниот центар за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање, каде што се собираат најдобрите практики и се обезбедува континуирано инвестирање во родова еднаквост. Ова е единствен ваков ресурсен центар кој има за цел во иднина да стане Регионален ресурсен центар.

„Примерите од другите земји, воведени и применети со поддршка од УНФПА се голема инспирација. Северна Македонија има многу да понуди и да научи, и затоа со нетрпение очекуваме да ги споделуваме нашите искуства и да ги здружиме напорите со другите земји во регионот, “ истакна министерката.

Таа посочи дека, споделените искуства и научените лекции од дискусиите на Конференцијата доаѓаат во вистинскиот момент за Република Северна Македонија, бидејќи започнува многу важен процес - Развој на нова Стратегија за демографија.

„Експертизата на УНФПА за развој на сеопфатен стратешки документ кој ќе ги опфати клучните демографски прашања со кои се соочува нашиот регион е од исклучителна важност. Мора да се соочиме со демографските предизвици и да најдеме решенија кои се применливи во сегашниот контекст и се засноваат на човековите права. Бидејќи, само кога споделувањето на домашните обврски оди рака под рака со семејните политики на работното место, имаме добитна комбинација,“ порача Тренчевска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }