23.01.2022

Тренчевска:  Најмалку 50% повисока дневница за работниците кои работат во недела, нивниот труд мора да се почитува и вреднува

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски, директорите на ТИРЗ Јован Деспотовски и на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска ја посетија американската компанија „Дура Аутомотив Системс“, која согласно законското решение недела-ден на неделен одмор е исклучок од дејностите со забрана за работа во недела, бидејќи се работи за сложен техничко-технолошки процес кој не смее да биде прекинат.

Министерката Тренчевска истакна дека посетата на „Дура Аутомотив Системс“, претставува одлична можност да се види како изгледа примената на законот за оние кои работат во недела.

„Имавме можност да се сретнеме и со вработените и со дел од раководниот кадар и да поразговараме за примената на ова законско решение. Работниците се нашиот најголем капитал и нивниот труд мора да се почитува и вреднува“, потенцираше Тренчевска.

Таа рече дека, компанијата „Дура Аутомотив Системс“, ги исполнува сите обврски кон вработените за работа во недела во смисла на исплата на дополнителни 50% од основната дневница.

„Работничките и работниците се столбот на нашата економија и движечка сила на државата. Тие остануваат наш приоритет во градењето на идните политики“, порача Тренчевска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }