31.01.2022

Тренчевска: Дијалогот за минималната плата меѓу засегнатите страни почнува во среда 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претставници на Организацијата на работодавачи денеска одржаа прва работна средба на која главна тема беше барањето на синдикалците за  зголемување на минималната плата и важноста од социјалниот дијалог во државата. Министерката Тренчевска информираше дека преку дијалог со работниците и работодавачите ќе бидат изнајдени најсоодветни решенија за утврдување на висината на минималната плата. 

„Дијалогот почнува во среда кога ќе го одржиме и првиот состанок на Економско социјалниот совет. Нашиот став е дека преку преговори за минималната плата во кои ќе учествуваат Владата, работодавачите и работниците со факти и аргументи треба да дојдеме до решение кое е добро за сите засегнати страни. На овие состаноци ќе го отвориме и прашањето за промена на критериумите за минималната плата“,  рече министерката Тренчевска.

Претставниците на Организацијата на работодавачи сметаат дека најдобро е дијалогот да започне со разговори за новите критериуми за покачувањето на минималната плата. 

Соговорниците се согласија дека сите чинители во преговорите се еднакво важни во дијалогот од кој се очекува да произлезе најдобар одговор на прашањето за минималната плата.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }