19.07.2024
Средба на министерот Лимани со претставници на Националниот совет на инвалидски организации
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со претставници на Националниот совет на инвалидски организации на Северна Македонија.
Претставниците на Сојузот го информираа министерот Лимани за предизвиците со кои се соочуваат инвалидските организации кои се во негов состав, активностите на членовите на организациите, а посочија и идеи за подобрување на легислативата која ја опфаќа оваа област.
Министерот Лимани истакна дека нивните барања кои се меѓу другото во насока на зголемување на дотациите, промена на законското решение за социјална заштита, подобрување на условите за работа на Сојузот ќе бидат разгледани и ќе се работи на изнаоѓање на заедничко најсоодветно решение кое ќе придонесе за подобрување на нивното функционирање.