31.07.2024
Средба на министерот Лимани со директорката на МОТ, за Централна и Источна Европа, Клер Харасти
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со директорката на Меѓународната организација на трудот (МОТ), за Централна и Источна Европа, Клер Харасти.
Министерот Лимани се заблагодари на иницијативата за средба на директорката на МОТ, Харасти која е од особено значење за воспоставување на понатамошна соработка на прашањата во областите кои се во надлежност на Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Директорката Харасти најнапред му честиташе на министерот Лимани за стапувањето на функција и изрази уверување за продолжување на досегашната соработка на МОТ и министерството како и продлабочување на истата и на други области.
На средбата се отворија прашањата за демографските предизвици, недостатокот на работна сила и иселувањето на младите, можностите за отворање на нови работни места, мерката Гаранција за млади, грижата за пензионерите, лицата со попреченост и другите ранливи категории.
Соговорниците изразија подготвеност за тесна соработка во областите кои ги опфаќа министерството со посебен фокус на младите и нивно вклучување во креирање на политиките, можности за вработување и нивно задржување во земјава, како и активацијата на лицата приматели на гарантирана минимална помош на пазарот на труд.